vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Почитувани,
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 21.04.2013 во 10.20 часот повторно ве поканува на Телма телевизија да ја следите новата епизода на тема: Насилството и децата
Во неа отворено ќе да разговараат:
1. Драгче Павловски, управител на агенција за обезбедување
2. Мирјана Стојановска Јовановска, психолог и психотерапевт
3. Татјана Стојаноска Иванова, Доц. Др. на Социологија, на Филозофскиот факултет
4. Славица Пенева- педагог
„Не е лесно да се разбере насилството. Нема една причина зошто децата стануваат насилни, има стотици, велат експертите. Некои деца само го следат однесувањето што гогледаат дома, на улица, во видео игрите или на телевизија. Понекогаш децата што стануваат насилни се жртви на задевање, па би направиле се за тоа да престане. Не е единствена дефиниција, но е блиску до вистината дека насилството е непостоење на комуникација на сите нивоа. За оваа тема се опремивме со тешка артилерија, прочитавме многу стручна литература, многу натписи, публикации и истражувања, но имаме и гости од висок калибар кој ќе ни помогнат полесно да разбереме што е насилство и како да го превенираме.“- вели Зорица Црношија, водител на емисијата.
ОХО како продуцент на „Кој кого расте“ има за цел да ги одгатне дилемите со кои се соочуваат родителите при носењето на секојдневните одлуки- кој е најдобриот начин да се одгледаат децата.
Во таа насока, со емисијата сакаме да ги поттикнеме останатите медиуми, новинари и чинители на јавното мислење заеднички да обрнуваме и третираме теми кои ги засегаат родителите и децата.
Одгворност на тимот кој стои зад „Кој кого расте“ е континуиран развој на заедницата во која дејствуваме, за таа цел обработуваме теми кои се значајни и актуелно.
На нашиот канал на Youtube:Кој кого расте, можете да ги гледате сите епизоди, а во меѓувреме пишете ги вашите приказни, желби и впечатоци на kojkogoraste@oxo.org.mk и Facebook страната на „Кој кого расте“.
Со почит, ОХО
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете пренатален витамин?
Изборот на пренатален витамин може да изгледа едноставно, но полиците ...
Каква улога има возраста при неплодност кај мажите?
Кога се зборува за плодноста, возраста најчесто се поврзува со жените....
Што значи да имате непроодни јајцеводи?
Кога се зборува за неплодност, еден од поимите со кои може да се сретн...
Дали „детокс диетите“ навистина помагаат за плодност?
На интернет често се појавуваат диети кои ветуваат дека за неколку ден...
Како да избегнете прејадување?
Прејадувањето често не е само прашање на глад. Брзото јадење, стресот,...