namesp во 10:12
Јануш Корчак: Сакајте ги децата какви што се!
Редакција Рингераја, 1.8.2019Јануш Корчак е познат полски педагог, педијатар, лекар, социјален работник и писател, кој 3 пати одбил себеси да си го спаси животот. Бил посветен на грижата за деца и ги сакал неизмерно, а за тоа говори и фактот дека пишувал книги за деца. Педагогот многу добро знаел како да постапува со деца, а неговата пожртвуваност за нив е еден вид херојски акт.
Првпат одбил да биде спасен кога одлучил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска, за да не го препушти на волјата на судбината домот за сирачиња каде што бил директор поради страшните случувања.
Вториот пат одбил да избега од варшавското гето.
Третиот пат кога избегнал да се спаси изгледало вака… кога сите штитеници на домот за сирачиња веќе биле во возот за да тргнат кон логорот, на Корчак му пристапил еден офицер и го прашал:
„Вие ја напишавте ‘Кралот Матиуш’? Ја читав таа книга во детството. Не е лоша книгата. Слободен сте.“
„А, децата?“, прашал тој.
„Децата остануваат, а вие можете да го напуштите вагонот“, потврдил офицерот.
„Грешите. Не можам. Не се сите луѓе бесчувствителни.“
Не е потребно ништо повеќе да се каже после овие зборови на Јануш Корчак. Ни останува само да ви ги пренесеме неговите 10 принципи на воспитување:
1. Не очекувајте од детето да биде како вас или како што вие би сакале да биде. Помогнете му да не стане како вас, туку како него.
2. Не барајте од децата да ви надоместат за сè што им овозможувате. Сте им дале живот, како би можело тоа да се врати? Тие ќе дадат живот на некој друг, тој некој друг ќе даде на трет – тоа е неповратен закон за заблагодарување.
3. Не ја истурајте лутината на децата, за во староста да не ви биде горко парчето леб. Бидејќи тоа што ќе се посее, тоа и никнува.
4. Не гледајте на нивните проблеми како да се занемарливи. Животот секому е даден според неговата сила и затоа верувајте дека ним им е полесно отколку вам, а можеби им е потешко бидејќи немаат искуство.
5. Не ги понижувајте!
6. Не заборавајте дека најважните средби на еден човек се средбите со децата. Посветете повеќе внимание на нив – никогаш не знаете кого ќе сретнете во вашите деца.
7. Не се измачувајте себеси ако не можете да направите нешто за нив, само сетете се дека за децата не е направено доволно ако не е направено сè што може да се направи.
8. Децата не се тирани кои владеат со вашиот живот, не се само плод од крв и тело туку скапоцен пехар кој животот ви го доверил да го чувате и во него да го одржувате творечкиот пламен. Тие се ослободувачка љубов на мајката и таткото чијашто задача е да израснат душа која им е дадена за чување.
9. Научете да ги сакате туѓите деца. Никогаш не правете им го она на туѓите деца што не би сакале други да им го прават на вашите.
10. Сакајте ги вашите деца какви што се – неталентирани, несреќни и кога ќе пораснат. Радувајте ? се комуникацијата со нив бидејќи децата се празник додека се со вас.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...

Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...

Често добивам прашање дали ти беше и ти е тешко да бидеш мајка, асоцирајќи на моите години. Ќе кажам да, тешко е. Но тук...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
