|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не сум лоша мајка, само немам скршена пара...

Редакција Рингераја, 11.7.2016
Писмо до господинот на касата: Се надевам дека повеќе никогаш, никому нема да му го направите истото, бидејќи и да се понудевте вие да ја купите, мојата гордост тоа немаше да го дозволи
Клучни зборови:

image
/11


 

Се чувствував како г.... кое сака да побегне од својата кожа, но немав каде. За жал, немам премногу избор, но драго ми е господине и се надевам дека ќе ја запомнете лекцијата која ви ја одржа син ми, кога пред полниот маркет ме обвинивте дека сум лоша мајка, која не сака да им купи чоколадо на децата. Го налутивте дури и мојот шестгодишен син, кој така невино ви одговори: “Мојата мајка не е лоша, само нема пари да ни купи чоколадо”.

Беше тоа некој ден, во маркетот кој е блиску до нашиот дом. Тука купувам основни работи, за повеќе и немам, а и не ни треба. Имаме колку што имаме, доволно за да не сме гладни. Чоколада, бонбони, киндер јајца и чипсови не можеме да си дозволиме. Бидејќи и ние сме едни од многуте. Оние блокираните. Оние со кои државата и банката си играат како со пинг понг топче, а вечно загрижените службеници во банката секогаш накострешени прашуваат: “А зошто овие долгови не сте ги подмириле навреме? Дали имавте обрт? Зошто не плаќавте придонеси? Зошто не затворивте ако не ви одело?”

Ех да – ни одеше толку колку да се прехраниме, па не и го дадовме големото чоколадо на државата.

Значи, немав ни тогаш, немам ни сега, само тогаш никој не ме притиснал со камен блок камата. Имавме за најосновните работи. за кирија, нешто режија и животарање до плата, на во меѓувреме најдената хонорарна работа. Се додека ортомата не се затегна, а ние станавме поголеми магионичари од порано.

Бидејќи ако порано ни беше тешко да направиме ручек за два дена за 17 куни, сега мораме да го направиме за околу 3 куни. Мислите дека е невозможно? Не е. Човекот може да преживее се, да го купи најосновното, да заработи нешто ситно и скришно на црно, додека мајката земја е завртена со главата. Може. Тој што некогаш бил во ваква ситуација знае дека може. Но кога ќе заработите ваков шамар од потполно непознат човек кој немал лоши намери, кој не разбира, ниту пак некогаш ќе разбере како е, тогаш солзите едноставно сами почнуваат да течат.

Бидејќи да, никој не е крив за нашите проблеми, но кога решението би било барем малку пофлексибилно. Кога барем државата не би имала милион правила, кои за жал  не се спроведуваат за сите подеднакво, кога банкарите би имале барем ронка сочуство, а не и од оние кои немаат да прават магариња и да им нудат нови кредити со нови поволности.

Или да бидам поконкретна. Да, прекрасно е тоа што луѓето кои се редовно вработени имаат тековна сметка  и можат да земат кредит чија рата е во висина на една третина од платата. Но кога сте хонорарец, единствено нешто на што имате право е жиро сметка, која не може да биде заштитена доколку не го примате сиот хонорар во нивната банка, барем осумдесет години. Во спротивно, секој хонорар од кој една магарешка жртва би требало да плати здравствено и пензиско осигурување и да му купи на детето чоколадо, ќе оди во рацете на државата.

А одговорот на банката гласи – жал ни е, не можеме да направиме ништо.

Баш тој одговор го слушнав и минатиот месец, кога во друга банка одбија да ми издадат дебитна картичка, која ја имам со години, ја отплатувам со години и живеам од неа. На повеќето Хрвати им е познат тој круг на самофинансирање кога секој месец среќни и давате на банката барем 100 куни камата. Одбија да ја реиздадат, бидејќи госпоѓо, не сте ги подмирувале долговите навреме. Знам. Долгот доспева на 23-ти, а јас плаќам на 29-ти. И тоа е причината? Па дааа.

Но тоа не е се. Се е тоа нормално се додека истата банка не ви понуди едно ново, супер решение. Преземање на кредитот со издавање на нова Мастер картичка. Среќата на моето лице траеше кратко. Нова картичка? Ми ја зедовте плавата за да ми дадете розова, бидејќи плавата не ја отплаќав редовно, па мислите дека ќе имам повеќе среќа со розевата? Аха, да, вие само сакате наместо еден голем долг, да имам два големи долгови? Фала, но не фала.

Оттука отидов во социјални грижи, каде наидов на истиот правилник, во кој за жал не се вклопувам. “Имате право на еднократна помош, само што сме многу танки со буџетот, па ќе средам некако да земете стотина куни. Само не знам која сметка да ви ја напишам за да ми ги исплатите парите, дали тековната, или жиро сметката?”

И заради сето тоа, извинете што на сите вас ви заплакав на рамо, но драг господине, ве молам повеќе никогаш и на никого не му заповедајте на детето да му купи ова или она.

Немојте ниту вие да купувате ништо. Гледајте ја својата работа ве молам, бидејќи никогаш, ама никогаш не знаете што имаат луѓето пред вас на касата во глава. И со што се борат во своите новчаници.

Вие навистина не сте виновен за мојата ситуација, но ете, ме фативте во најлошиот момент.

И затоа утре застанете во редот, платете го своето и бркајте ја својата работа. И ние ќе направиме исто, ако воопшто имаме средства да дојдеме во маркет.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаете ли кои се правата на вашето дете?
Никој нема право да ме купи или продаде! Имам право на игра! Имам право да имам мајка и тато! Ова се само некои од права...
4
Во овие моменти потребно ви е екстремно тр...
Постојат моменти кога, како родител, потребно ви е големо трпение. Всушност, тоа е секој ден. А потоа, постојат моменти ...
4
6 работи кои не ве прават лоша мајка
Постојат општо прифатени норми кои општеството сака да става и еден од нив секогаш е тоа да си лоша мајка - да го остава...
4
Афазии: Губење на говорот кај деца заради ...
Афазија претставува губиток или пореметување на јазичните функции, а до тоа доаѓа поради повреди на главата при сообраќа...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?