Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Половина од возрасните се сеќаваат на вакви игри. Тие се случуваат меѓу момчиња и девојчиња, само девојчиња, само момчиња, комшиски деца, родени браќа и сестри и роднини.
Љубопитност
Децата на оваа возраст се искулително љубопитни за конституцијата на телото – своето и туѓото. Својата љубопитност ќе ја манифестираат преку имитирање на родителите, играјќи игра на улоги, а најпопуларна ќе биде играта доктори. Оваа природна љубопитност и разните комбинации на игрите, ќе доведат и до детски сексуални игри. Верoјатно овие игри ќе започнат со допири во кои децата ќе утврдат дека се чувствуваат убаво. Сепак, ваквиот тип на игра е потполно безопасен и не е штетен.
Разбирање на ситуацијата
Што ќе направите ако влезете во собата на вашиот син и го затекнете со стетоскоп околу вратот како си игра доктор со другарката, испитувајќи и го гениталното подрачје?
Прво, вдишете длабоко и престанете да гледате низ очите на возрасен човек – вашето дете не води љубов со другарката. Најверојатно се работи за љубопитност која има за цел да ја утврди разликата меѓу машкото и женското тело.
Второ, реагирајте мирно. Некои родители ќе изберат да го игнорираат ваквото однесување и едноставно да ја затворат вратата, знаејќи дека овој период ќе помине. На други родители им е непријатно бидејќи оваа игра се одвива во нивната куќа и можеби со смирен тон ќе им кажат на децата да престанат да играат така, да се облечат и да седат во дневната соба заедно со возрасните.
Прилика за важна лекција
Откако увидовте за што се интересира вашето дете, можете да искористите различни средства за едукација, кога сте насамо. Можете да кажете :”Знам дека те интересира што имаат девојчињата, а што имаш ти. Но постојат и други начини за да дознаеш што те интересира, наместо да и гледаш на другарката под фустанчето. Имам една убава книга, па да ја разгледаме заедно.” Доколку немате таква книга, земете од библиотека.
Ваквите прилики можете да ги искористите и за да го научите детето на одредени вредности, на пример: “Твоето тело ти припаѓа тебе, а телото на твојата другарка и припаѓа неа. Подобро е децата да си играат облечени.”
Вриштењето и претераната реакција може да предизвикаат детето да се срами и да се чувствува виновно, заради љубопитноста поврзана со сексуалноста. Не му всадувајте предрасуди на детето кое е само љубопитно. Обидете се да останете мирни и запомнете дека ваквите игри спаѓаат во нормално однесување и се дел од развојот на детето.
Знаци за предупредување
Запомнете дека постои голема разлика меѓу овој начин на сексуална игра, која е безопасна и игра која е навредлива и експлоатира друго дете. Децата нема спонтано да се впуштат во болна сексуална игра, орално-генитален контакт, симулиран или реален сексуален однос, пенетрација со прсти или некои други предмети. Ваквиот тип на активности доаѓа веројатно од изложеноста на детето на неадекватни забави за возрасни, или можат да бидат сигнал дека детето е злоставувано. Ако вашето дете било изложено на ваква игра, поразговарајте сo педијатарот и потполно забранете ги контактите со децата кои ја започнале играта.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...