Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Многу луѓе до крајот на животот служат за “прва помош”, проколнувајќи се себеси и оние кои не можат да ги одбијат. Продолжуваат на сопствена штета да даваат пари на заем, да ги носат туѓите деца во градинка, да работат на викендичката на далечните родници или да им купуваат цигари на колегите...
Не сакате таква судбина, нели? Тогаш почнете да работите на себе. Научете се како одлучно да кажете “не”, кога околностите го бараат тоа. Дури и на шефот!
Чекор прв: Дознајте зошто не можете да одбиете.
Ви се чини дека ако Вие имате малку повеќе слободно време, а друг не, Вие сте должни да помогнете?
Ослободете се од тоа чувство! Вашата пријателка можела поинаку да го испланира денот и да си го земе детето од градинка. Да, можете да помогнете, ако имате време и желба, но не сте должни да го правите тоа. Не сте должни ни на пријателот секогаш да му позајмувате пари кои итно му се потребни за купување на компјутер, а му “недостасуваат” само 500 Евра.
Трева да стоите цврсто на својот став и тогаш кога низ солзи ќе Ве молат, оние кои секојдневно се потпираат на Вашите услуги. Вие не сте ниту беби-ситерка, ниту банка која дава заеми без камата. Вие сте слободен човек и имате права, од кои едното е да располагате со своето време по своја желба и потреба.
Ве измачува чувството на вина бидејќи Ви се чини дека без Ваша помош нема да се справат со проблемите? А што ако заминете да патување, или ако се разболите? Тие ќе најдат начин да се справат со сопствените проблеми.
На такви луѓе ретко кој им е благодарен. Таквата помош се прифаќа како нешто што се подразбира и секогаш се бара нешто повеќе.
А можеби се плашите? Не е важно од што: навреда, лутина, одмазда, или нешто друго. Најважно е што Ве обврзуваат уште еднаш да одите против себе и да се согласувате со она што не сакате. Прифатете го стравот но не му се потчинувајте. Искористете ги можностите на методот “се плашам, но го правам”. Држете до себе: плашете се и сега, но и покрај стравот кажете “НЕ!”
Дури и ако другите го почувствуваат Вашиот страв, на крајот се важни постапките.
Чекор втор: Научете како да одбивате
* Одбивајте за ситници
Ви ѕвони пријателот за да поразговарате на телефон, бидејќи му е досадно – прекинете го и кажете:”зафатен сум сега, јави се утре”, друг Ве моли за мала сума на пари:”Жал ми е, но во моментов секој денар ми е преброен”
Научете се да одбивате за мали работи, наскоро ќе забележите дека можете да одбиете и за сериозни работи.
* Не барајте оправдување
Ако сакате – наведете ја причината за одбивањето, но сосема слободно можете и да не го правите тоа. На прашањето :”Зошто не сакаш да го направиш тоа?” мирно одговорете :”А должен ли сум да го правам тоа?”. Ако ништо не сте ветиле, не морате ништо ни да објаснувате.
* Збогувајте се со оние кои не Ви се пријатели
Бидете подготвени на тоа дека многу луѓе кои до тој момент ги сметавте за најдобри пријатели ќе почнат да се однесуваат непријателски со Вас. А зошто да не – тие се навикнати да Ве натоваруваат го обврски, а сега учтиво ги молите да Ви се симнат од грбот. Не се фрустрирајте. Во најлош случај т.н. пријатели ќе си одат, а Вие ќе си најдете нови, вистински на кои ќе им бидете потребни Вие сами по себе, а не како човек кого можат да го користат. А во најдобар случај – пријателите и Вашите блиски ќе почнат да Ве почитуваат и да се однесуваат коректно со Вас.
Извор: БГ Мамма
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Небојша Вуковиќ, директор на "Лазар Танев"
Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани п...
Ефикасно слабеење со Кето Диет
Во современата диететика, кетозата е препознаена како една од најефика...
Натусана - 20 години присуство на македонскиот пазар
Оваа година се навршуваат 20 години од присуството на Натусана на маке...
НАГРАДНА ИГРА: Парови спои и Лакалут награди освои
Ајде да играме Меморија и да освоиме награди! Натусана и Рингераја орг...
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Пелени.
пеперутка16
Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?