|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, емоционални, социјални, сензорни, интелeктуални, вербални, когнитивни и други. Меѓу сите нив постојат причинско-последични врски.
Клучни зборови:

image
/11


За да биде развојот во целост, потребно е да постои една рамнотежа, хармонија на развојот на сите наведени облици. Ако тоа не е присутно, велиме дека развојот на детето е дисхармоничен.

Поради сложеноста на развојот на детето над него е потребен надзор од страна на стручни лица од различни профили-лекар, психолог, дефектолог, социјален работник и други. Според тоа, можеме да кажеме дека за следење и контрола на развојот, за корекција на развојните растројства потребна е тимска работа.

Ризик фактори кои можат да придонесат едно дете да има дисхармоничен развој се најразлични и можат да се поделат во три групи и тоа пренатални (во текот на бременоста), перинатални (за време на породувањето) и постнатални (по породувањето). Во пренатални фактори, односно во периодот од зачнување до крајот на бременоста со посебно истакнување на првите три месеци се спомнуваат земањето на лекови, јонизирачко зрачење, инфекции, исхрана, повраќање, конзумирање алкохол, наркотици, пушење, психички и физички трауми, болести на мајката и сл.

Во перинатални фактори спаѓаат: времето на породувањето (дали породувањето настанало пред терминот или подоцна), интервенции за време на породувањето, начинот на породувањето, должината на траењето на породувањето, состојбата на новороденчето по породувањето, плачењето, бојата на кожата, дишењето, оживувањето, телесната тежина при породувањето, телесната должина, обемот на главата, вродена аномалија и сл.

За рани постнатални ризик фактори се земаат во предвид: постоење на жолтица, повреда при раѓање, инфекции, ендокрини нарушувања, исхрана, микроклиматските услови на средината каде што се одгледува новороденчето, постимунизациска енцефалопатија и сл.

Евиденцијата за семејните заболувања е значајна за проценка на развојот на детето и треба да се обрне посебно внимание на болеста на родителите и на поблиските роднини и постоење на хередо-конгенитални заболувања.

Најсоодветни институции за следење на растот и развојот и на развојните растројства, како и за рехабилитација, се развојните советувалишта, детските и други рехабилитациони установи. Развојните советувалишта треба да бидат во рамките на примарна здравствена заштита, која е најблиска до корисниците.

Развојните советувалишта го следат развојот на децата родени под ризик, а особено внимание му обрнуваат на развојот на детето во текот на првата година од животот. Контрола на секое дете родено со фактори на ризик се врши на секои 2 до 3 месеци, задолжително по навршувањето на првата и третата година од животот, кога посебно внимание му се посветува на нивото на развојот на говорот.

Работата на секое Развојно советувалиште се однесува на евидентирање на секое растројство на детето, стручна дијагноза, превземање на адекватни мерки и стимулирање на развојот на детето со примена на рана стимулативна програма што треба да се спроведува од раѓањето на детето до навршена прва година од животот.

Во советувалиштето се прават два регистра по азбучен ред: едниот со деца родени со фактори на ризик и другиот за деца попречени во психофизичкиот развој. Во регистерот на децата родени со фактори на ризик би се евидентирале следниве податоци: реден број, презиме и име на детето со името на еден од родителите, број на здравствениот картон отворен во советувалиштето, постојаните фактори на ризик и натамошниот исход на детето под ризик. По една година се проценува дали и понатаму се присутни факторите на ризик за идниот развој или се констатира растројство на развојот. Ако се утврди растројство на развојот, таквото дете се запишува во регистерот за деца со пречки во развојот.

Во регистерот на децата попречени во развојот се евидентираат следниве податоци: реден број, презиме и име на детето со името на ениот родител, број на картонот во советувалиштето, дали постојат фактори на ризик и кои се, видот на попреченоста на развојот (дијагнозата).

Во Советувалиштето се прави и протокол за непостојани пациенти. Во него се евидентираат непостојани пациенти кои се јавуваат во советувалиштето заради проверка на развојот, а немаат фактори на ризик и не се попречени во развојот.

Ако показателите на нормалниот развој се уредни, нема патолошки симптоми и знаци, детето не боледува од некоја болест што може да влијае врз развојот, не припаѓа во групата на ризично родени деца, а специфичниот хередитет е негативен, на мајката и се дава само совет за потикнување и следење на функциите од следната развојна фаза на детето.

Ако развојот е нормален, нема патолошки знаци, а детето и припаѓа на групата на ризични деца, се применува општ стимулативен третман.

Ако детето доцни во развојот комплетно или во одделни сфери, но најмногу за еден развоен период, а нема патолошки знаци, се спроведува стимулативна програма и се закажува контрола на следниот систематски преглед.

Ако детето доцни во развојот повеќе од еден развоен период или постојат патолошки знаци, се превзема дијагностичка обработка и специфичен третман. Децата од оваа и претходната група задолжително се третираат во развојното советувалиште.

 
 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што Ви нуди Детското катче на Рингераја.мк
Благодарение на годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија, за финансирање на проекти од на...
6
Великодушност
Великодушните луѓе ќе ја запомнат добрината која сте ја направиле за нив, а ќе ја заборават онаа која тие ја направиле з...
5
Направи сам: Украси од солено тесто
Предлог за направи сам украси за Велигден - дрвце со украси во фирма на јајца, направени од солено тесто
5
Избираме најубава творба: Изабела Ѓурчиновски
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Изабела Ѓурч...
5




Анкета

Фудбал.
пеперутка16

Кој ќе го освои ЕУРО 2024?