vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
За себе вели дека е храбра, борбена и силна.
На наше и ваше задоволство, денес Слободанка гостува во рубриката "на кафе со".
Рингераја: Кога ја откри твојата љубов кон пишувањето?
Слободанка: Љубов кон пишувањето имам од мала, секогаш им се восхитував на писателите / големите автори како умеат да создадат едно дело.
Рингераја: Кога започна со пишување и како сфати дека тука 'лежи' книга?
Рингераја: Колку време беше потребно за да ја напишеш книгата?
Слободанка: На „Преживеана" посветив една година.
Рингераја : Од каде инспирацијата за неа?
Слободанка :Инспирацијата беше голема и длабока. Водејќи се низ искуствата на само тогашни 23 години, мотивот да се упати силна порака до секоја жена беше уште посилен. Секоја девојка и жена во ова наше модерно време, а во позадина и малограѓанството, е плен на општествениот престиж над кои се изживуваат општествено неписмени единки, пред кои мора храбро да се спротивстави и цврсто застане на нозе, да ја помириса убавината на животот и да ја посака преживеаноста. Бидејќи, мора да се живее, за да се преживее.
Слободанка : Мојата „Преживеана" е наменета за сите читатели но, би го издвоила понежниот пол кој копнее да преживее.
Рингераја : Каков беше процесот околу издавањето на истата?
Во консултации со директорот Јордан Ѓорчев и М-р Михаела Ѓорчева, добив понуда од нив да тие ми упатат поддршка и помош околу моето издание . Се залагаа околу издавање, како тие така и целиот тим, кој макотрпно работеше на делото.
Исто така, во просториите на Универзитетот се организираше и промоцијата. Настанот го водеше директорката на институтот за култура на МСУ Соња Ризоска Јовановска а промотори на истото беа доц. д-р Ана Чучкова и проф. д-р Мирослав Пендароски.
Рингераја : Каде читателите може да ја набават книгата?
Слободанка : Книгата може да се купи online на мојата фб страна и инстаграм профил, во просториите на книжарата на МСУ, а исто така ќе биде во продажба и во останати книжарници чии имиња ќе бидат благовремено објавени.

Рингераја: Кој е твој омилен жанр и автор?
Слободанка : Ги читам сите жанрови, нема лош жанр, но би ги издвоила психолошките дела и книги. Не можам да издвојам мој омилен автор, ги издвојувам добрите приказни на сите автори.
Рингераја: Што, според тебе, ја прави добра една приказна?
Слободанка: Добра една приказна, според мене, ја прави искреноста во истата, трудот да се создаде едно дело и силните емоции.
Рингераја: И самата си активен член во читaтелските групи, па каков впечаток имаш, колку се читаат и ценат македонските автори? Имаш ли некој омилен меѓу нив?
Слободанка: Читателите ги читаат македонските автори и тоа многу ме радува. Би ги издвоила Ирена Чаушевска, Александар Николовски, Коста Петров, Весна Трајковска, Драган Таневски и многу други…
Рингераја: Што би споделила со нас, за крај?
Слободанка: Мора да се допре дното за да се одскокне кон врвот.
И благодариме на Слободанка за издвоеното време и и посакуваме многу успеси со нејзиното првенче, многу продадени тиражи и нови дела.
Читајте македонски автори!

4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Го видовте позитивниот тест? Еве што следува
Позитивниот тест за бременост носи мешавина од радост, возбуда и безбр...
Како да го подобрите квалитетот на спермата?
Квалитетот на спермата зависи од повеќе фактори како исхраната, физичк...
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...