|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Mлечните заби ги чуваат трајните

www.doktori.mk, 3.12.2013
Многу од родителите знаат да дадат одговор дека не ги поправале млечните заби на нивните деца затоа што тоа се млечни заби и секако ќе отпаднат и ќе бидат заменети со трајни. Ваквите размислувања се во целост неточни и треба да се напуштат

image
/11


 

 

Улогата на ортодонтот и на стоматологот е да ги подучи родителите и да им даде објаснување за важноста на млечните заби при настанувањето на некои ортодонтски аномалии во подоцнежниот развој на детето.Кариесот на млечните заби доведува до промена и деструкција на забната круна, појава на разни патолошки состојби, но и до одредени ортодонтски неправилности особено на појава на збиеност на забите и до лош загриз. Млечните заби се тие што го чуваат местото за трајните заби, го стимулираат растот и развојот на горната и долната вилица и важни се за формирањето на загризот.

За да се сочуваат млечните заби потребно е детето да се научи правилно да ги четка забите. Пожелно е детето да се одведе на стоматолошки преглед за време на никнењето на млечните заби ( некаде од 18.месец на животот до 3 годишна возраст ) бидејќи кариесот најчесто се појавува околу втората година од животот и се појачува со текот на годините. На тој начин благовремено се открива кариесот, а некои од ортодонтските неправилности можат да се препознаат уште во млечното забало.

 Кариесот на млечниот заб предизвикува проблеми првично на самиот заб, како што се: болки, оток на околното ткиво и слично. Доколку не се реагира навремено кариесот доведува до масовна деструкција на видливиот дел од забот (забната круна) посебно на млечните катници и можно е да следува предвремено губење на таквиот заб.Во вакви случаи, првиот траен катник што нормално е сместен позади млечните катници, се придвижува према напред и никнува понапред со што се намалува просторот за нормално сместување на трајните предкатници и очникот. Тогаш се случува тие да никнат збиено, еден преку друг или некој од забите може да никне и надвор од забниот низ.

 Во одреден број на случаи можат да останат и заробени во вилицата и воопшто да не се појават во усната празнина. Предвременото губење на поедини млечни заби може да доведе и до предвремено никнење на трајниот заб. За предвремено губење на млечен заб се смета она кога забот наследник нема да израсни во следните 6 месеци.И долгото задржување на млечниот заб во устата може да доведе до одредени проблеми и да доведе до задоцнетост во никнењето на трајниот заб или може да предизвика забот наследник да го смени својот правец на раст и да се појави на место кое не е природно за него.

Сталниот заб може да си го замени местото со некој од соседните заби и тогаш станува збор за транспозиција на забите или пак забот може да се појави надвор од забниот низ тогаш станува збор за дислокација. Ако сталниот заб се појави пред млечниот заб (вестибуларно), тогаш замената на забите е во рамките на нормалата. Ако сталниот заб се појави позади млечниот заб (палатинално), тогаш последиците се потешки бидејќи доаѓа до таканаречен обратен загриз кој во случај на закаснета интервенција доведува до редица проблеми со загризот кај сталните заби, а и го отежнува растот на горната вилица.

 

д-р Димитрије Пашанку

специјалист по ортодонција
ПЗУ Орто Про Фиделис – Скопје

 

 

doktori.mk.logo

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да му помогнеш на твоето дете да веру...
Да му помогнеш на детето да верува во себе е една од најважните улоги што ги имаш како родител. Самодовербата не се град...
3
Работи кои никогаш не треба да се кажат на...
На сите нас ни се случува да го изгубиме трпението и да му се извикаме на детето, а при тоа да му кажеме и работи, кои в...
3
Зошто децата често лажат?
Сите родители сакаат нивните деца да пораснат како чесни луѓе, но исто така сите се соочуваат со детскиот проблем лажењ...
3
Водоносецот
Не можеш да бидеш среќен се дотогаш, додека не научиш искрено да сакаш и не го најдеш сопственото место во светот.
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?