Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Прашањето “Зошто?” ќе ви биде поставувано 1800 пати на ден, засекогаш. Никогаш нема да го имате вистинскиот одговор.
Стоењето на Лего коцки боли. Секогаш. Исто така боли и стоењето на коњчиња, слончиња и други пластични животни. Не очекувајте сожалување од детето, напротив, тоа ќе биде загрижено за играчките.
Не постои логика како детската логика. Само климајте со главата, а потоа дозволете му да носи гумени чизми и капут во лето во парк.
Кога ќе мислите дека сте воспоставиле рутина со спиењето, подгответе се за претстава која ќе ги тестира вашите граници на издржливост. Подгответе се да ги прочитате трите најголеми сликовници – без да прескокнувате страни. А потоа прочитајте ги повторно. Ако мислевте да ја напуштите собата без да го разбудите – се лажете. Можеби имате најтивка стратегија – но сепак ќе го разбудите.
Не е важно колку добро готвите. Детето ќе ве натера да верувате дека немате поим. Тие имаат моќ да ја уништат вашата саодоверба на сите нивоа.
Во вашиот живот ќе се појави нив правец на музика. Постојано ќе слушате Mickey Mouse Club House, Pegga Pig или Masha and the Bear. Во ушите ќе ви одзвонуваат песните и кога ќе се обидувате да заспиете.
Не излегувајте да се напиете нешто. Ако го прекршите ова правило вашите деца ќе се разбудат следното утро во 5 часот. Ова е нивниот начин да ве казнат.
Најдете начин да ја ставите сета омилена храна на детето во торба, дури и онаа која никогаш не ја побарало. Така ќе ја научите моќта на спасителите на живот.
Никогаш не го користете времето додека децата спијат за да работите. Никогаш не чистете и не перете ако децата заспијат порано. ОДЕТЕ НА СПИЕЊЕ!
Подот во вашата кујна никогаш повеќе нема да биде чист. Скоро секогаш ќе бидете сигурни дека ви мириса на повраќаници и каки, но никогаш нема да знаете од каде точно доаѓа мирисот.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога една жена ќе дознае дека е бремена, животот не се менува само за ...
Здравите животни навики се важни уште од самиот почеток на бременоста....
Позитивниот тест за бременост е момент што многу жени никогаш не го за...
Што да не слушате кога сите прашуваат: „Кога бебе?“
Постојат прашања кои на прв поглед звучат безопасно, но можат да остав...
Како природно да ги зголемите шансите за бременост?
За многу парови, патот до посакуваната бременост е исполнет со надеж, ...