vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кај поголемите деца пак вообичаени се алергиски реакции на риба и морски деликатеси, на ореви, пченица, соја, агруми, јагоди и др. Еве што е важно да знаете, ако се грижите дека бебето или детето ви имаат интолеранција кон некоја храна:
1. Ако веќе сте посетиле педијатар и тој ве информирал дека вашето дете има неподносливост кон протеинот на кравјото млеко, тоа значи дека тоа треба да консумира само таква храна која не содржи млеко или млечни производи. Ќе треба да заборавите на млечните десерти, да приготвувате супи без млеко и да понудите само пилешко, зајачко и свинско месо, но не и телешко. Ако станува збор за доенчето, ќе треба да започнете со специјализираните бебешки вештачки млека, но не заборавајте дека во повеќето случаи алергиите од кравјото млеко престануваат со возраста;
2. Во многу случаи нема како да стане јасно од што точно има алергија детето, особено ако веќе е започната да јаде и овошни и зеленчукови и месни кашички. Запомнете дека секоја храна треба да се воведува постепено во детското мени и дека алергиската реакција не секогаш се добива веднаш, туку во рок од 48 часа до 3 дена;
3. Кога не е јасно на каков точно производ детето има алергиска реакција, почекајте тој да наполни барем 1.5 годишна возраст и постепено внесувајте му во менито различни производи, но секогаш почекајте барем 2 дена пред да предложите нов производ;
4. Кај децата кои се склони кон алергии, треба да се внимава со воведувањето на некои производи. Добро е киселото и свежото млеко, јагодите, малините, телешкото месо, урда, јајцата и медот да се нудат откако детето е на возраст 1.5 години, а какаото и снегулките (особено кикирики) - дури по навршувањето на 3 годишна возраст. Зрнестата храна, иако е исклучително корисна, исто така е ризична и е подобро да се почека до 2 годишна возраст, пред да ја сервирање на вашето дете.
14
7
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...
Како може да се чувствувате по породувањето?
По раѓањето на бебето започнува нов период исполнет со радост, но и со...
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...