namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
На барање на наш читател објавуваме интервју на Kenan Imirzalioglu дадено за магазинот Gloria
Покрај сите тие жени, кои го следат секој Ваш чекор, можете ли да се замислите со венчален прстен на прстот?
- Да. Дефинитивно сакам деца. Јас сум само загрижен за нивната мајка: јас сеуште не сум ја пронашол вистинската жена и не сум маж кој лесно се вљубува и кој ќе влезе во афера само за да стане татко.
Дали можеби мајка Ви Ве потсетува дека е време да стапите во брак?
- Не само мајка ми, туку и татко ми исто така. Тие имаат разбирање за фактот дека тешко е да се ожениш додека си славен глумец кој е постојано зафатен, но сеуште сакаат внуци.
Какви типови на жени Ви се допаѓаат?
- Ако ме прашавте пред 15 години, веднаш ќе Ви одговорев. Денес можам да кажам дека ми се допаѓаат жени, чиј прекрасен карактер дава одблесок на нивното лице, жени кои цврсто стојат на земја и од кои можам да научам нешто, без да ја ставаат сопствената интелигенција во првите редови. Не барам премногу?
Дали е вистина дека се двоумевте меѓу спортот и кариерата како актер?
- Нема шанси! По дипломирањето на математика имав намера да изберам трета насока во животот, но работите едноставно се наместија како што се. Јас само играв кошарка кога бев тинејџер. Бев многу висок и играв добро, но никогаш не фантазирав професионално да се занимавам со спорт. Всушност оваа височина беше голем проблем за мене. Турските дами не се високи, па бев исплашен дека нема да најдам девојка која ќе ме сака, заради мојата висина. За среќа, се покажа дека тој страв е неоснован.
Дали сте највисок во Вашето семејство?
- Мојот дедо беше повисок, посилен од мене. Но брат ми и сестра ми, која има бутик за венчаници во Анкара, се исто така прилично високи.
Дали тоа значи дека Вашата идна невеста ќе треба да избере венчаница од бутикот на сестра ви?
- Кога станува збор за тоа, најверојатно ќе биде така: венчаницата на мојата сопруга ќе ја дизајнираат сестра ми и тетка ми.
Кои работи Ве потсетуваат на детството поминато во село?
- Многу убави слики и спомени. Особено се сеќавам на пролетта во нашето село, кога се е расцветано и кога трчавме боси по тревата. Кога живеете на земјата и пулсирате заедно со неа, ќе научите да го слушате нејзиниот ритам. Бев опкружен со стада овци, крави и кокошки кои моето семејство ги одгледуваше. Иако татко ми завршил средно техничко училиште, никогаш не помислил да ја остави својата фарма за да се пресели во град. Моите родители сеуште живеат на таа фарма, која е на 80 км. од Анкара. Само во текот на зимата се преселуваат кај роднини во Анкара.
Дали понекогаш Ви недостасува тој начин на живот?
- Се разбира дека ми недостасува. Иако, морам да признаам, да се живее во град со 15 милиони луѓе има и добри страни. Градот навистина живее 24/7, се е достапно и порелаксирано, пријатно. Кога имам потреба од природата, одам во шума со моите пријатели, ги собувам чевлите и одам бос за да ја почувствувам земјата под моите нозе, палам оган за кампување и уживам во долгите разговори во друштво. Тоа е најдобрата забава за мене.
Можете ли да се замислите себеси како професор по математика?
- Не мислам дека некогаш ќе работам како професор, бидејќи обожавам да глумам. Но благодарение на математиката научив да размислувам аналитички. Никогаш нема да ги заборавам зборовите на мојот професор кој не учеше дека добар математичар мора да биде способен да го согледа проблемот, да го разгледа од различни точки на гледање, а потоа да го реши на свој начин. Овој принцип го воведов во секојдневниот живот.
Можете ли да ги разберете принципите на одмазда, на која работи Езел?
- Се надевам дека никогаш нема да бидам во слична ситуација со Езел, затоа што со одмазда не се решава ништо. Напротив, таа само носи повеќе проблеми. Јас длабоко верувам во љубовта.
Дали статусните симболи како вила, скап автомобил и јахта се важни за Вас исто како што се важни за Езел?
- Моја цел не е да станам богат. Дури и на Езел му се важни само за да им докаже на тие кои го предадоа дека има подобар автомобил, подобра куќа, подобар статус. Тоа е само дел од неговата одмазда. Моето најголемо богатство, покрај парите кои сум ги заработил е фактот дека не ја изгубив сензибилноста и дека останав истата личност.
На што ги трошите парите?
- Ја сакам музиката, па не жалам што сум потрошил пари на албуми, компилации. Среќен сум што можам да ги купам сликите кои ми се допаѓаат и да патувам. Сакам патувања.
Можат ли парите да го направат човекот среќен?
- Ниедни пари не можат да Ве усреќат, да направат да живеете во хармонија со себе, да спиете со мирна совест и да се разбудите со чисто и отворено срце. Врв на задоволството е да умеете да ја споделите сопствената среќа со другите луѓе. Парите и успехот се само логична последица од големата љубов и напорната работа.
Како се носите со популарноста?
- Секој медал има две страни, добра и лоша. Не ми се допаѓа тоа што не можам да излезам да се напијам чаша чај без да бидам опкружен со папараци и камери. Единствениот начин да бидам насамо со девојката е да се затвориме во четири ѕида. Нема прошетки во парк и слично. заради тоа ќе се најдете веднаш во печат. Но популарноста има и добри страни. Тие кои Ве обожаваат Ви даваат простор за паркирање и секогаш имате позитивен одговор на хуманитарните акции.
Што Ве прави лут, а што тажен?
- Не можам да издржам да бидам гладен. Кога сум гладен, нервозен сум. Исто така ме лути сообраќаен метеж. Не можам да ги разберам луѓето кои се нечувствителни кон другите. Не можам да си простам себеси ако не дадам се од себе за нештата да бидат перфектни.
Како изгледа Вашиот сон?
- Ги отворам очите, пуштам музика и си правам чај. Излегувам на палубата на бродот, а моите деца ми трчаат во прегратка и викаат :”Тато, тато...”. Зад нив стои жена ми и ми се смешка....А потоа заедно пловиме кон непознатото.
Се надевам дека сонот за мојата иднина ќе стане реалност.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...