Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
При добра циркулација кислородот ги одржува во форма органите и клетките. Освен тоа ги забрзува процесите на оздравување – може да влијае дури и на мигрената.
Како науката откри дека кислородот може да е ... лек?
Клучна улога имаат научниците кои се занимаваат со влијанието на содржината на кислородот во ткивата. Во студиите за кламидија, бактерија кои се пренесуваат по полов пат и доведува до неплодност, се утврдува дека имунолошкиот систем може да се бори со нив само ако има доволно присуство на кислород во слузницата на вагината. Ако нема доволно кислород, кламидија се размножува брзо и се добива воспаление.
Во други публикации во врска со кислородот се наведува дека кај пациенти со слаба содржина на кислород во ткивата, на пример кај пушачи, се среќаваат опасни воспаленија, како рак или инфекции по операции. При постојано ниска содржина на кислород во ткивата, т.н. хипоксија, одредени бактерии се размножуваат многу брзо, на пример хеликобактер пилори, предизвикувачот на чир во желудникот. Хипоксијата активира инфекции од вируси или бактерии и доведува до хронични воспаленија. Тие од своја страна се сметаат за главна причина за срцев удар, мозочен удар и рак.
Доволен ли е кислородот во воздухот кој го дишеме?
Недостатокот на движење и плитко дишење при стрес, води до хроничен недостиг на кислород. Тој може да е резултат и на несоодветна исхрана и на пушење. Јаглеродниот моноксид, кој го има при согорувањето на тутунот, се поврзува со хемоглобинот во крвта, кој транспортира кислородот од белите дробови до ткивата. Така телото не добива доволно кислород.
Како можеме да откриеме дека ни недостига кислород?
Има некои знаци, на пример замор или главоболка. Причина: 90% од вдишаниот кислород служат за снабдување со енергија во митохондриите, електроцентралите на клетките. Ако недостасува кислород, мозокот, органите, мускулите и нервите не работат во нормален режим.
Како да се снабдиме со повеќе кислород?
Постојат различни можности. Класиката е повеќекратно терапија со кислород на Арден (Озонската терапија). Кај неа пациентите добиваат прво коктел од витамини и минерали, кој го подобрува внесот на кислород во клетките. Потоа се врши инхалација со воздух, збогатен со кислород.
При озонската терапија пациентите добиваат кислород интравенски. Кај новата векторска терапија тие добиваат три препаратот (делумно со активен кислород), за да го надминат недостатокот. Овие терапии се од алтернативната медицина и немаат клинички докажани резултати.

Можеме и сами да си го произведеме кислородот
Два-три пати неделно по 30 минути трчање, пливање или возење велосипед се доволни. Освен тоа редовното вежбање го запира стареењето на органите. Доволни се дури и три месеци вежбање, за да се подобри значително снабдувањето на организмот со кислород. Тој ќе функционира така, како да сме 20 години помлади.
Важно е при спортувањето да не се задишувате, инаку внесувањето на кислород е попречено. Внимавајте и на издишувањето, бидејќи со честото издишување испуштате необработен кислород од телото.
Како да дишеме правилно?
При стрес или лошо расположение дишеме плитко само со горниот дел на градниот кош. Воздухот се задржува само за кратко во белите дробови. Спортот помага да дишеме длабоко. Има и вежби за правилно дишење. Но има и малку трикови кои го подобруваат снабдувањето со кислород – наведнување на прозорецот, проѕевање или пеење. Ова автоматски води до дишење со стомакот.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...