|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Им се восхитувам на мајките кои...

Редакција Рингераја, 2.10.2015
Им се восхитувам на мајките кои скоцкани ги носат децата во градинка. Навистина им се восхитувам. Не мораат да бидат ниту потполно скоцкани, туку генерално убаво облечени, нашминкани, среќни заради одењето на работа...
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Им се восхитувам на мајките чии девојчиња доаѓаат во испеглани бели фустанчиња, со панделки во косата. Посебно и се восхитувам на мајката на близнаците во нашата група. Моите деца (3 години и 1 година) се како близнаци, можеби и малку потешки од близнаци, бидејќи им треба посебен вид на внимание насочено кон нив. Таа мајка на близнаци е секогаш уредно облечена, скромно нашминката и секогаш, ама секогаш насмеана.

Зошто им се восхитувам? Во нашата куќа веќе со години наназад не се прави аларм. Некогаш би го нарекла будилник, но будилници повеќе нема. Малите деца  убаво ќе се наспијат во петок и сабота, а во недела некои страшила им влегуваат во сон и ете ги на секој половина час разбудени.  Нам, сесако, понеделникот  и без тоа ни носи доволна количина на стресови. таман кога конечно ќе поспиеме два три часа, во креветот ќе ни се придружи и помалото дете, кое почнува да се кикоти. Поголемото дете ќе се разбуди, па и тоа ќе дојде. Почнуваат со изливи на љубов кои завршуваат со гаѓање со перници се додека цела постелнина не биде на подот.

Убаво беше кога живеевме на еден метар, сега мораме да живееме на два метри висина. да се живее на два метри висина подразбира  да се подигне се, но апсолутно се што е важно, на таа висина. Да се врзат вратничињата од кујнските елементи, да се оневозможи пристап до компјутерот, купатилото и така со ред. На два метри, бидејќи Х носи столица и дофаќа се што му треба во моментот.  Таман кога таа престана да ги фрла работите од тераса, почна тој. Во последните три месеци имам купено 6 пакувања штипки, кои упорно и исклучиво ги чувам на жица, но тие пак некако летнуваат преку оградата. Летаат и влечки, мобилни телефони, играчки, перници. И понатаму им е луда забава да го лупаат далечинското од под, се до благословениот момент на паѓањето на батеријата од него. Во следната секунда и батериите ги нема. А скоро го најдов и мобилниот телефон во канта за отпадоци.

Ајде мила соблечи ја пижамата и облечи ја оваа блуза. Не ја сакам таа блузаааааа! Ќе сакаш, мама таа ја подготви за денес. Не сакаааааааам! Оди во собата и ги вади сите алишта од плакарот. Брат и ја следи во чекори и ги фрла сите алишта низ собата.. Конечно стигнува до омилената блуза со долги ракави и шорцеви. На излегување во ходникот ставила шешир и сака да и врзам кики. Но како да ти врзам кики кога си ставила шешир. Вакааааааааааа! Го вади шеширот и се обидува да ја врзе косата, но не и успева, па го враќа. Ама не можеш со долги ракави, жешко е. Можам, не е ешко, адно е. Мила, гледаш дека е жешко и мама и тато се по куси ракави. ЈУпиииииииииии, одиме на моееееееееееее! Се враќа и од терасата ги зема лопатчето, кофичето и оди во собата да бара купачи. Го молам сопругот да ја земе, да ја пресоблече и да тргнеме конечно.

Облечена во поло маица, ненашминката ја земам торбата додека сопругот повикува лифт, а децата се дерат во ходникот колку што ги држи глас. Се прашувам до кога ќе издржам со вакво лудо темпо.

Ајде, ќе задоцниме, ќе ни ја затворат вратата. Се обидувам да ја одвлечам до автомобилот, додека таа упорно бере цвеќе кое ми го подарува:  Мама, за тебе го набјав. Те сакам мамичке!

Во тој момент целата моја строгост одлетува во топлиот јунски воздух.

Да се врзе во автомобил, да се одведе во градинка, да се најде паркинг, да се трча додека не ја затвориле вратата. Потоа седнувам и ги вадам чевлите и ставам балетанки и ги вадам шноличките и пребарувам да не ставила нешто во џебовите што не треба. Ги гледам средените и насмеани мајки и им се восхитувам. Размислувам дали еден ден би им паднало на памет да дојдат во градинка во пижами, како што јас некогаш посакувам.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Конвенција за правата на детето
Во текот на Детската Недела, која се одржува секоја година во првата недела од месец Октомври, ве запознаваме со правата...
4
Интервју: Анита Даева
Анета Даева е новинар во утринската програма на телевизија Сител. Преку интервјуто ни ја доловува атмосферата и односите...
4
Не ја сакав жена ми кога се венчавме...
Јас сум смешен, eмоционален, надпросечно сентиментален тип. Претпоставувам затоа и реков на жена ми дека ја сакам на вто...
4
Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
4




Анкета

Вода
Sanja

Колку вода пиете?

многу малку (50%)

до 8 чаши (50%)

над 8 чаши (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!