|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не ја сакав жена ми кога се венчавме...

Elad Nehorai, 26.9.2013
Јас сум смешен, eмоционален, надпросечно сентиментален тип. Претпоставувам затоа и реков на жена ми дека ја сакам на вториот состанок.Се трудев да го задржам тоа за себе, навистина. Сакав да и кажам уште на првиот состанок...
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Се уште се сеќавам на нејзината реакција. Таа некако ми даде пола-срамежлива, пола-забавна насмевка. Кимна со главата и погледна кон небото.

Не бев со скршено срце по одговорот. Дел од мене признава дека таа беше многу попаметна и поскромна отколку јас.

Но, како времето поминуваше сфатив дека таа знаела нешто што јас не знаев.

Нашата врска траеше многу кратко време. По два месеци излегување, се веривме. Три месеци потоа, веќе бевме во брак.  Цело време бев ист. Оган гореше во мене, пожар кој гореше се' пред себе исто како на првиот состанок: бев заљубен.

Но тогаш се оженив и се' се смени.

Бракот  кој се случи за многу кратко време и ме фати неподготвен, почна да го јаде тоа чувство.

Се обидував со сета сила да го задржам огнот, да ја задржам жива емоцијата, но тоа беше се потешко и потешко. Мислам,  каква љубов може да  гори додека седите на маса  и разговарате како да ги искористите последните дваесет долари од вашата банкарска сметка? Каков оган  може да чувствувате кога ќе влезете во расправија?

Како би чувствувале љубов кога во вашата глава оставањето на чорапите на под има совршена смисла, а таа има луда идеја дека треба да се стават во кошница за алишта?

Огнот кој гореше на првиот состанок практично почна да ги уништува нашите животи.

Во прво време тоа ме полудуваше. Таа емоција беше знак на љубов! Возбудата која ја чувствував значеше дека се грижам за неа! Но одеднаш љубовта стана ете толкацка. Дури и кога бев со неа. Посебно кога бев со неа.

И што е уште полошо, колку и да се трудев да бидам сентиментален и да искажувам љубов, толку  помалку таа љубов ми се возвраќаше.

Не, ова не значи дека таа не ми даваше љубов, само што таа љубов идеше  во различно време.

И понудив да ги измијам чиниите. Или да направам вечера бидејќи имала тежок ден. Исто така  би  можел да  ја причувам ќерката.

Како што нашиот брак напредуваше, се најдував себеси како учествувам во домашните обврски се повеќе и повеќе.  И после секое помагање таа ми го даваше истиот поглед како на првиот состанок. Тој поглед е апсолутна љубов. Онаа љубов која е мека и толку убава.

Ми требаше подолго време отколку што можев да си признаам за да разберам што се случува.

Но на крајот се ми стана јасно. Преку помагање, преку вршење на работите наместо мојата сопруга, емоцијата која толку очајно ја барав природно си дојде. Тоа не е нешто што може на сила да се извлече, туку нешто што се добива со давање.  Со други зборови, тоа беше љубовта по која трагав во бракот.

И сега, бидејќи сум малку постар и поискусен во овој однос, конечно сфатив нешто. Нешто што не сакав да си го признаам долго време, но е неприкосновена вистина.

Јас не ја сакав жена ми на вториот состанок.

Јас не ја сакав жена ми кога се веривме.

Јас не ја сакав жена ми кога се оженив.

Љубовта не е емоција.  Тој оган кој го чувствував беше само тоа: емоционален оган. Возбудата на првиот состанок ми роди желба за брак. Но тоа не беше љубов.

Љубовта не е емоција, па дури ни именка. Тоа е глагол, подобро дефиниран како давање, како ставање на туѓата пред својата потреба.

Зошто не добивав одговор на моите емоции на почетокот на бракот? Бидејќи таа емоција не беше за неа. Тоа беше моја сопствена емоција која ја имав во градите.

Дури и да ја пуштев таа емоција надвор од своите гради, тоа повторно немаше да биде љубов.

Да бидеш мекуш не значи дека љубиш. Таа знаеше, иако јас не знаев, што е љубов.

И затоа жена ми ми даде само пола-насмевка. И сега, кога се обидов да го сменам начинот на кој ја гледав љубовта, се повеќе сум шокиран од пораките на љубов кои ги добивав кога бев помлад.

Од филмовите на Дизни, преку моето омилено шоу “The Office”, па практично до секоја испеана поп песна, љубовта постојано е продавана како емоција која ја имаме пред бракот. Емоција која ако еднаш си ја доживеал, магично останува да живее во бракот.

Не  можам да замислам поголема лага. Се растажувам кога ќе размислам колку долго овие пораки останале во мојата глава. Се растажувам уште повеќе бидејќи знам дека овие пораки сеуште се во главите и на другите луѓе.

Мислам дека тоа е една од причините зошто разводите во оваа земја се толку чести. Замислете, цела нација луѓе константно ја бараат емоцијата која ја чувствувале на првиот состанок. Ова е земја во која луѓето се обидуваат да живеат во филмовите на Дизни.

Тоа е рецептот за катастрофален брак, за земја со над 50% разводи, за неверства (кои се класичен обид  да се врати оганот на првиот состанок назад), за луѓе кои живеат заедно за да можат да функционираат, за бракови без љубов.

Тие луѓе заслужуваат подобро.

Сите  ние заслужуваме подобро.

Време е да ја смениме дефиницијата на љубовта. Време е да ја редефинираме.

Бидејќи се додека не го направиме тоа, неверствата  ќе продолжат. Ќе продолжат да опстојуваат бракови без љубов и разводи.

Трагедиите во нашите животи ќе продолжат, се додека во нашите умови живеат филмовите на Дизни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
5
Немирно дете = интелигентно и бистро дете?
Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги глед...
4
Кога си болен не смееш да јадеш сладолед?!
Дали се вистинити советите од родителите?
4
Храна и пијалоци кои содржат арсен
Водата и почвата, за жал, често се полнат со секакви отровни материи. Индустријата остава трајни наслаги од штетни хемик...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?