Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Менталниот апарат почнува да се формира уште додека бебето е во стомакот, па исхраната на мајката и нејзината психолошка состојба имаат значајна улога во тоа. Подоцна родителите со својот ангажман и адекватна стимулација можат дополнително да го поттикнат развојот на интелигенцијата. Многу е важно да не се претера со форсирање на способностите на детето во желбата од него да се направи вундеркид, за да не се предизвикаат краткорочни и долгорочни последици.
Позитивно влијание на доењето
Со доењето треба да се започне што побрзо по породувањето, бидејќи мајчиното млеко е најквалитетна храна за бебето. Докажано е дека должината на доењето има значајна улога во развојот на интелигенцијата кај децата, па би било добро детето да се дои барем една година. Според некои истражувања, деца на возраст од седум-осум години кои биле доени, на тестовите за интелигенција имале по 8-9 поени повеќе од децата кои не биле доени. Се смета дека за таквите резултати се заслужни одредени состојки присутни во мајчиното млеко, но и физичкиот и емоционалниот контакт кој се воспоставува меѓу мајката и детето во чинот на доење.
Поттикнете ја интелигенцијата кај детето
Колку и да има добар потенцијал детето, тој нема да биде правилно искористен ако детето седи пред телевизор поголем дел од денот. Родителите сакаат децата да им бидат успешни на сите полиња, но е потребно доста труд, вежби и стимулација на потенцијалот на детето за тоа да се постигне. За детето е многу поважно вниманието на родителот и квалитетно поминатото заедничко време, од било какви играчки, па колку и да се едукативни. Уште од најмала возраст родителите треба да започнат со вежби и говорно-ритмички игри кои го поттикнуваат развојот на детето.
Стимулативни игри за деца
Игри на меморија
Почекај малку
Нишајте го детето на колено (Ди коњче), а потоа застанете на кратко и почекајте Вашето дете да продолжи. Тоа е многу едноставна игра за поттикнување на помнењето кај детето во втората половина од првата година.
Разговор
Кога Вашето дете ќе почне да владее со основните зборови, трудете се што повеќе секојдневно да разговарате. Прашајте го што правело во паркот, со кого си играло и што видело на прошетка. Заедно направете ужинка, седнете и зборувајте. Оваа активност, ако редовно се спроведува, го поттикнува детето да планира што ќе каже и постапките да ги преточи во зборови.
Песнички
Децата најдбро помнат ако одредени реченици се повторуваат и ги следат движења. Смеата и восхитувањето во текот на играњето и пеењето ја зголемува веројатноста дека детето ќе се сеќава што правело претходнот ден. Затоа играјте Тапшин – тапшин, Ринге-ринге-раја и други игри.
Жолт ден
Кога Вашето малечко ќе се разбуди, речете му: “Денес е жолт ден”. Двајцата облечете жолта облека, направете лимонада и палента за појадок, а за ручек направете јајца. Земете жолт пластелин и направете фигури. Наберете жолто цвеќе, излупете круша и избројте колку жолти автомобили има на паркингот.
Имитации
Децата сакаат да бидат како мама и тато, па затоа многу често ги имитираат и на тој начин учат. Иако Ви изгледа досадно на детето да му дадете да брише прашина, тоа нему ќе му биде забавно и поттикнувачки. Купете му метла и лотатче па ќе се чувствува корисно додека ги собира трошките од подот. Подоцна ќе сака да Ве имитира и во други работи и секогаш ќе му бидете добар пример.
забава Бремените
Автор: bobik
Летото е сезона на сандали, боси прошетки и сензуалност која почнува о...
Воведување цврста храна – кога и со што да почнете?
Први залчиња, први вкусови, први чекори кон самостојно јадење....
Афирмации за време на бременост
Бременоста е прекрасно, но и предизвикувачко патување. Со секој нов тр...
Први зборчиња: Како да го поттикнете бебето да зборува?
Збор по збор – така започнува светот на комуникацијата. ...
Храна што го подобрува варењето
Варењето е процес кој секојдневно се случува во нашето тело, но често ...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?