vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Германските жени во новинарските статии филозофираат за тоа дека локалните мажи се многу срамежливи, неодлучни и феминизирани. Homo balkanikus нема такви проблеми, кажува Габриела Шуберт, со потекло од Унгарија. Неговиот заштитен знак е мачо ставот. “Homo balkanikus е тип на маж коj е произлезен од политичкиот пресврт и тоа од различни средини и еден дел, за жал, од сомнителни околности. Тој ги искористил хаосот во својата земја и на различен начин дошол до богатство.”
Секс бомбите во прв план
“Тие патишта не се секогаш легални, голем број на мажите од новата елита имаат потекло од криминалното милје. Носат “фенси одела” и се претставуваат како модерни мажи, макар што нивните претстави за спротивниот пол останале некаде во минатото. Користат најмодерна технологија и истовремено негуваат мачо однесување, а жените ги избираат по својот сексуален вкус.”
Во прв ред се работи за секс бомби, кои на радост на homo balcanicus ги истакнуваат своите гради во тесна облека. Таквите обрасци не се непознати во западните земји, но се чини дека жените во југоисточна Европа се повеќе подготвени да се прилагодат кон очекувањата на мажите во облекувањето и во кујната. Нивните мајки и баби често несвесно ги упатуваат на такво однесување.
Класичната улога на мајката не е изменета ниту во социјализмот
Жените работеле со полно работно време, па потоа ги чекала домашната работа и одгледувањето на децата. Homo balkanikus немале многу задолженија, уживале во пиењето пиво пред телевизор, додека нивната драга се грижела за валканиот веш.
Денес е слично, од жените се очекува да заработуваат, да бидат совршени домаќинки и да изгледаат еротски. Пожелно е да одат на штикли и во мини сукњи со децата на игралиште.
Но традиционалната поделба на улогите полека се менува. Младите жени од југоисточна Европа се' почесто патуваат во странство и можат да видат дека постојат и други типови на жени: кои се однесуваат во согласност со индивидуалните потреби.
Можеби во иднина на homo balkanikus ќе му биде се потешко да пронајде партнерка.
Затоа бидете внимателни кога ќе Ви засветка златен ланец на неговиот врат и кога ќе Ви затропаат клучеви од Мерцедес. Можеби овој мачо маж и не е толку совршен...
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...