Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Секоја жена од малечка сонува дека еден ден ќе си го најде својот принц. Сите сме пораснале со Пепелашка, Снежана, Заспаната Убавица… Сите сме посакале еднаш во животот да бидеме принцези, да имаме живот како од бајка.
Како што созрева жената се труди еден ден да си го најде одамна посакуваниот принц, да си создаде семејство и да си живее живот можеби навидум сличен на оној кој си го замислила како дете. Да и јас го најдов мојот. Само, после многу години поминати заедно се појави еден друг принц кој навистина ми го освои срцето со само еден поглед. Доволна беше една прегратка која ни вети љубов до крајот на животот. Тој знае да ме насмее до солзи. Тој знае да ме расплаче и да ми ја распара душата ако видам само една солза во неговите очи. Нему не можам да му се лутам за нередот кој го остава зад себе. За него можам и да не спијам цела ноќ , а утрото да го почнам со насмевка и смеење. За него можам да отидам на крај на свет и да тропам на секоја врата ако некогаш му треба нешто до кое не би можело лесно да се дојде. Нему не му е важно дали имам вишок килограми или изгледам како модел од насловна страна, дали сум средена и дотерана или трчам со него, пак во старите тренерки. Со него можам да се вратам во детството, да се шлапкам во вирчиња, да правам кули од песок, да играм со топка, да трчаме заедно, да правиме безброј детски работи без некој чудно да ме гледа. Откако го имам него знам дека никогаш нема да бидам тажна.
Неговата прегратка ја лечи секоја болка. И посакувам на секоја жена да добие ваков принц. А на секој маж ваква принцеза :). А може и обратно. Зашто само детските срца знаат да сакаат искрено и невино, само детските очи знаат да те насмеат и расплачат од срце. А кога во животот ќе добиеш мало невино ангелче, неговото Те сакам ќе биде целиот твој живот. Тој или таа засекогаш ќе бидат господари на твоето срце.
Ваша Pepelaska RR
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Комбинации за успешна мала градина со билки
И најмалата градина може да биде извор на свежина и инспирација. Со пр...
Чекор по чекор до мини градина на терасата
Мини градината на тераса е совршено решение, лесна за одржување, практ...
Сигнали на вистинска ситост, кога телото вели „доста е“
Во динамичниот начин на живот, многу луѓе забораваат да слушаат на соп...
Препорачани намирници за деца за време на настинка
Кога вашето дете е настинато, правилната исхрана игра клучна улога во ...
Грозје како извор на антиоксиданси
Грозјето не е само вкусен плод кој го користиме за сок, вино или ужина...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?