|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Емпатија: Најважната подготовка за училиште

Редакција Рингераја, 1.9.2017
Една од најважните подготовки за училиште не ја собира во училишниот ранец и нема опција за онлине нарачка, но е есенцијална и незаменлива како молив
Клучни зборови:

image
/11


 

Како кутија со боици може да ја има во многу бои и со неа може да го опремиме секој ученик. А со тоа може да го промениме светот на секое дете.

Замислете ја следната сцена. На игралиште, 6 годишно дете паѓа од лулашка и почнува да плаче. Некои од децата се смеат, некои го вртат погледот на страна. Едно дете дотрчува да му помогне. Емпатична реакција полна со грижа и љубов.

Дали ова дете ја научило оваа вештина или има вроден капацитет  за емпатија? Одговорот е и двете. Според Vicki Zakrzewski  постои силна релација помеѓу социјално-емоционалното учење и когнитивниот развој. Таа додава дека децата веќе на 18 месеци покажуваат сочувство, емпатија и алтруизам. Тие вештини се дел од нив, но во исто време тие треба да се негуваат, бидејки средината може да го инхибира нивниот развој.

Со други зборови емпатијата како и мускулот е присутна, но за да се манифестира потребно е да се вежба и станува се поцврста колку повеќе се вежба. Тоа е мускулот кој ни овозможува да завземеме став и да се бориме за нешто.

Daniel Goleman вели дека емпaтијата е еден од петте елементи на емоционалната интелигенција.  Таа е една од најважните вештини кои треба да се негуваат кај децата. За неа психолозите велат дека е основата на процосијалното однесување. Со неа се прегрнуваат различностите, се учи како да го разбереме другиот до нас, се стекнува пријателство, а воедно се градат и одржуваат позитивни и длабоки релации базирани на доверба, се комуницира поефективно, се постигнува академски успех и се гледа глобалната рамка.

Емпатијата започнува кога ќе се ставиме себеси во чевлите на некој друг. Клучниот чекор е разбирање и вреднувањето на перспективите кои се разликуваат од нашите. Кога гледаме дека некој е во болка а ние го имаме истото чувство “in our gut”, кога гледаме дека некој има проблем и сакаме да му помогнеме, тоа е емпатија.

Воспитувањето на емпатични деца можеби изгледа како предизвикувачка работа но всушност е едноставна. Децата по природа се емпатични.

 

Родителите се првите и најдобри  учители по емпатија на своите деца. Може да го земете во предвид следниот фитнес план за вежбање на емпатија:


1 Чекор: Подготовка

Создадете средина и  услови каде емпатијата може да царува, идентификувајте  како емпатијата изгледа во вашите реакции,  интерпретирајте ги емоциите на другите околу вас, моделирајте.

 

2 Чекор: Вклучување

Групна игра:  Емпатијата започнува на игралиште, каде децата се слободни и каде може да научат да ги разрешуваат сами своите конфликти и да воведат свои правила.

 

Раскажување приказни:  Приказните ги предизвикуваат  нашите  предрасуди и со нив доживуваме искуства поразлични од нашите.

 

Потопување:  Потопоувајки се со искуствата на другите, гледаме подалеку од нашите ограничувања и стереотипи и се менуваме од проекција во длабоко разбирање.

 

Разрешување проблеми: Договорот за соработка ја гради емпатијата преку споделени предизвици и победи.

 

3 Чекор: Рефлектирање и акција

 

Идентификување на сличности и разлики: Препознајте ја хуманоста и разберете и почитувајте ги одлуките на другите.

 

Поттикнете храброст: Избегнете го величењето на правилното однесување – поттикнете ги децата да се справат со силите кои им застануваат на патот. Овде “standing up for something” влегува во игра.

 

Овозможете акција: Креирајте можности низ кои децата може да ја изразат својата емпатија и вежбајте про-социјално однесување наменето за корист на другите околу вас.

Акцијата го комлетира кругот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали мелатонин е безбеден за деца?
Сонот е клучен за растот, развојот и здравјето на детето. Сепак, многу родители се соочуваат со проблеми како тешкотии п...
4
Градење самопочит преку мали, секојдневни ...
Знаете ли дека самопочитта се гради пред детето да наполни седум години? Таа кај детето не се развива преку големи лекци...
3
Отитис - воспаление на уво, домашни мерки ...
Отитисот, односно воспалението на увото е честа состојба кај деца, но и кај возрасни. Може да биде болен и непријатен, а...
3
Кристина Затуровска photography: Уке
Галерија на професионални фотографии на Кристина Мукоска Затуровска
3




Анкета

se za deteto
papagalce

dali vasite deca gi sakaat vincinni proizvodite?

da (75%)

ne (25%)

mnoguuuu :) (0%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!