Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
На две години можеше да брои до 40, да црта слики на луѓе, да рецитира песнички и да чита како седумгодишно дете.
Следната година знаеше да собира и одзема.
На четири години Хајди Аткинс има коефициент на интелегенција 159, само една точка подолу од Алберт Ајнштајн и стана една од најмладите членови на МЕНСА.
Таа решаваше тест за интелегенција, откако стручните лица за мерење на интелегенција се намачија да најдат задачи за неа.
Др. Хаткинс рече: ”Отсекогаш мислевме дека Хајди има висок степен на интелегенција, бидејќи знаеше да чита на две години. Бев љубопитен колкав е нејзиниот коефициент на интелегенција.”
”И подарив комплет од 30 книгички на Универзитетот во Оксфорд, кои ги прочита во еден час. Тоа може да го очекувате од 7-годишно дете. Таа се трудеше да зборува неколку месеци по раѓањето, а нејзиниот речник на една година беше прилично богат. Користеше реченици веднаш откако научи да зборува.”
Др. Хаткинс вели дека Хајди цртала принцези и животни многу точно на 14 месеци, на возраст кога децата едвај правилно држат молив во рака.
На 18 месеци родителите ја нашле како се учи себеси да чита на компјутер.
Хајди е за една глава повисока од своите врсници и во тежина е колку 6-годишно дете.
Др. Хенкинс вели: “Хајди се развиваше многу побрзо од другите деца – академски, уметнички и физички”.
“Ние не ја присилуваме Хајди на ништо. Се што знае, има научено сама. Таа е само едно мало девојче кои ја сака својата Барби кукла и лего коцките. Но тие не го задржуваат нејзиното внимание, па веднаш седнува и чита книга” - велат нејзините родители.
Нормалниот степен на интелегенција кај возрасен човек е 100, додека за натпросечно интелегентни се сметаат оние со коефициент над 130, рече John Stevenage, извршниот директор на МЕНСА. Родителите на Хајди правилно идентификувале дека таа поседува огромен потенцијал.
забава Бремените
Автор: bobik
Комбинации за успешна мала градина со билки
И најмалата градина може да биде извор на свежина и инспирација. Со пр...
Чекор по чекор до мини градина на терасата
Мини градината на тераса е совршено решение, лесна за одржување, практ...
Сигнали на вистинска ситост, кога телото вели „доста е“
Во динамичниот начин на живот, многу луѓе забораваат да слушаат на соп...
Препорачани намирници за деца за време на настинка
Кога вашето дете е настинато, правилната исхрана игра клучна улога во ...
Грозје како извор на антиоксиданси
Грозјето не е само вкусен плод кој го користиме за сок, вино или ужина...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?