|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Аутизам: Особености, терапија и третман

Мр. логопед Светлана Трнинкова, 18.5.2020
ИЗРАБОТИЛ- МР. ЛОГОПЕД Светлана Трнинкова

image
/11


Многу стручни профили кои ја проучуваат оваа проблематика и се директно во пракса и работат со деца во претшколска возраст истакнуваат дека 36 месец од животот на детето може да биде период кога може да се констатира аутистичен спектар –синдром на карактеристики, но праксата покажува дека, деца кои се  покасно дијагностицирани како аутистични, ги покажуваат симтомите веднаш после раѓањето или за сигурно веке во 6 месец од животот  на доенчето. Аутизмот е едно од најтешките развојни нарушувања кое се јавува уште во најраното детство и го загрозува нормалниот развој на детето и неговата адаптација во социјалната средина. Поимот аутизам потекнува од грчкиот збор –atos –сам-како повлеченост во себе. Прво стручно дефинирање кое се коси  со денешните научно релевантни  дефинирања   на аутизмот е од Лео Канер психијатар од германско потекло 1943 година, кој дава опис на нова клиничка слика која ја нарекол  -Инфантилен аутизам, и  истата ја опишува како фасцинантна необичност. Друг научник кој го опишал аутизмот со –фасцинантна необичност е и Ханс Аспергер. Во Макеонија Доц -Доктор Владимир Трајковски пишува своја книга за аутизмот 2004 година  и ја дава следната  дефиниција – Детскиот аутизам претставува первазивно развојно наручување кое  дефинира  постоење на ненормален или оштетен развој што се манифестира пред третата година од  животот со карактеристичен облик на патолошко функционирање во сите три области на социјалните интеракции во комуникациите и со повторувачко однесување.

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ  КАРАКТЕРИСТИКИ  НА  АУТИЗМОТ

Епидемиолошките истражувања се користат во теоретски и практични цели. Тие имаат за цел не само да ја откриваат преваленцијата  на заболувањата туку и нивниот тек, исход и нивната етиологија. На Балканот се мошне ретки податоците за инциденцијата и преваленцијата на аутизмот. Сепак постојат истражувања за преваленцијата во Хрватска која изнесува 7 на 10000, но со секоја измината  година  преваленцијата се зголемува. ВО САД  е дојдено 1:40  и се повеќе во светски рамки расте бројот на аутистични деца и ќе дојде време да биде 1:7. На наша голема жал таа е вистината и тое е еден тежок проблем кој не дека ќе добие епидемиски размер, туку пандемиски и ќе го засега целокупното  човештво.Во однос на полот се забележува дека машките деца почесто се засегнати од женските .

 

ЕТИОЛОГИЈА  И  ПАТОГЕНЕЗА  НА  АУТИЗМОТ

Проблемот на етиопатогенезата на аутизмот се уште останува отворено прашање. За нас од голема важност  е да се истакне биолошката  етиопатогенеза на аутизмот. Според биолошката теорија кај аутизмот постојат една или повеќе абнормалности во мозокот, а нив ги предизвикува еден или повеќе биолошки фактори - гени, компликации во текот на бременоста и породувањето, вирусни инфекции. Постојат повеќе причини за ставот дека во основа на аутизмот е некоја биолошка абнормалност. Најзначајна е  таа што аутизмот често е асоциран со знаци на невролошко оштетување, ментална ретардација, метаболни нарушувања, епилепсија, хромозомски и генски нарушувања, тешкотии во бременоста и при породувањето, вирусни инфекции и синдроми на конгенитални аномалии. Поради недостаток на социјална интеракција и на рангирање на присуството на други лица решението се гледа во намерно вметнување и наметнување на присуството   на други луѓе. Како детето е осамено, намерно му се наметнува присуство на  друг родител како  пополека би го  прифатила присуството на друга личност.

 

ИМУНОЛОШКИ  НАРУШУВАЊА  НА  АУТИЗМОТ

 

Имунолошкиот систем игра многу важна улога во борбата против инфекциите со различните инфективни агенси како што се бактериите вирусите, габите, фунгите, и други. Неодамнешните  истражувања на повеќе научници покажуваат дека децата со аутизам имаат сериозни абнормалности во овој многу важен систем. Научниците  сугерираат дека можните имунолошки абнормалности и можниот автоимун патогенетски механизам се причина за ненормален развој на мозокот и за појава на аутизам. Лицата со аутизам се повеќе склони на кон алергиски реакции и пречувствителност на храна, од колку другите луѓе, што се должи на нарушување на имунолошкиот систем. Алергијата представува прекумерна реакција на организмот на туѓа супстанција. Супстанцијата што ја предизвикува оваа реакција се вика алерген. Кога одреден алерген ке биде инхалиран како што е поленот, тој ќе биде идентификуван од организмот. Постојат податоци дека многу лица со аутизам се чувствуствителни на одредени производи на храна. Пречувствителност се развива  на житариците - пченица, рж, oвес. Од млечните производи –млекото, сирењето, и јогуртот, од овошјето јагодите и тропското овошје. Алергијата на храна предизвикува  многу соматски и бихејвиорални проблеми како што се главоболка, болки во абдоменот, гадење, проблеми со спиењето, хиперактивност, агресивност, чуствителност кон звук, депресија, замор, интестинали проблеми – гасови, проливи, болка во мускулите, инфекции на увото. Постои мислење дека кај лицата со аутизам одредени храни не можат комплетно да се разложат. Глутенот, протеин од пченицата и други цереалии, и казеинот –протеин во млекото се главните виновници за алергеното дејство. За време на дигестијата овие протеини се разградуваат на ниво на пептиди. Добро е познато дека некои од овие пептиди имаат биолошка активност. За време на дигестијата на казеинот се формира  - бета кезеоморфин кој има опиоидна активност –слична на морфинот. Слично на ова  глутенот се разградува до  глијадиноморфин или глутеоморфин. Ако нивните концентрации се многу високи во цревата, или ако инстестиналниот ѕид  на цревата стане пропустлив овие пептиди минуваат во крвта и доаѓат во ЦНС. Кога ќе се најдат таму тие може да влијаат врз трансмисијата на сите системи во мозокот и да резултираат со појава на аутизам. Reihelt  дава податок за присуство на абнормални пептиди во урината кај околу 50%од лицата со аутизам.

 

КЛИНИЧКИ  КАРАКТЕРИСТИКИ  НА  ДЕЦАТА  СО  АУТИЗАМ

Децата со аутизам покажуваат квалитативно оштетување на реципрочните социјални интеракции и на шемите за комуникација со истовремено присуство на сиромашен, стереотипен, рецептивен репертоар на интересирања и активности.

 

 

ДИЈАГНОСТОЧКИ  КРИТЕРИУМИ  НА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ 

 

Не така многу одамна аутизмот се посматрал како една инфантилна психоза, и вниманието било усмерено на бизарното однесување. Кога клиничарите и истражувачите на аутизамот почнале да го потенцираат и значењето на  когнитивниот дефицит, фокусот ин интересирање се пренесува кон оштетувањето на јазикот и социјалниот развој. Од  скоро време почнува да се разбира дека аутизамот се разликува од  другите пореметувања  како девијантно ,а не само како задоцнет развој. Кај децата со аутизам се среќава  и бизарното однесување, задоцнетиот и девијантниот развој. Девијантниот развој најјасно го издвојува  и  дефинира аутизмот од другите видови на абнормални однесувања  и состојби.

Светската здравствена организација  и Американската психијатриска организација давват 4 сета на дијагностички критериуми по кои ќе се дијагностицира дали едно дете има аутизам.

 

Прво барање е пореметувањето да се манифастира пред 30 месец на живот на новороденчето. Ова барање е издржано, бидејќи пореметувањата можат да се манифестираат многу рано, но многу родители не можат или не сакат да ги препознаат, но и не мора да се препознаат до 30 месец. Има  поединечни случаеви на аутистично пореметување кои настануваат после третата година како последица на мозочни оштетувања или генетско пореметување со касна манифастација. Второто прашање кое се поставува е да ли постојат разлики кај аутизмот кај кој имало претходен период на нормален  развој, од аутизам кај кој развојот е оштетен и се манифастира уште од самиот почеток. Етилогијата им се разликува но не постои разлика во манифесторање на  клиничката слика на аутизмот.

Вториот сет на дијагностички критериум  се разгледува од аспект на девијантниот развој на социјалните односи. Во овој случај истражувачите често не земаат во предвид дека интелектуалната попреченост е честа пратечка состојба кај аутизмот. Ова дава социјални  девијантни однесувања кои настануваат како резултат на манталната ретардација а не како последица на аутизмот. Затоа денес е дефинирано дека социјалните абнормалности морат да бидат дефинирани со термини  на одстапувања во однос на манталната возраст, и  дијагносточката проценка мора да вклучува пажливо  когнитивно  следење и евалуација. Третиот сет на на дијагностички критериуми вклучува абнормалности во комуникацијата. Базичниот дефицит е  во капацитетот на користењто  на говорот како средство на социјална комуникација, нема спонтан и повратен фидбек во вербалната комуникацијата. Има недостаок на кретивност во мислењето, и слаба флексибилност на јазичната експресија.

Четвртиот сет на дијагностички критериуми вклучува рестриктивни, репететивни и стереотипни обрасци на однесување. Сите овие дефицити не се јавуваат според некој временски редослед ниту е некој доминантен во оштетувањето. Овие дефицити се појавуваат од раѓање. Без разлика кое ниво  на постигнувања  преку обуки ќе се постигне ова пореметување трае цел живот и е во согласност на степенот на количникот на интелигенцијата со која располага детето, личноста. Во кој степен ќе ја има желбата за социјална комуникација и интеграција е различно кај секое дете со аутизам. Постојат случаи на потполно отсуство на желба за контакт со други лица до претерана желба, умерено благо оштетување на социјалната итеракција и до нормална социјална интеркација и комуникација. Претерувањето во социјалните интеракции и комуникации се должи на  недоволната свесност и самоконтрола и самокритика и не водење грижа и немање на осет за туѓите емоции и потреби на дадена личност, дека треба да постои одредена социјална дистанца кога се коминицира со одедена личност и до каде да се оди. Со еден збор девијантен квалитет на социјална интеракција, која ќе е битен фактор при дијагностицирање на аутизмот. Овие деца, личности возрасни не се во состојба точно да ги проценат и предвидат реакциите на другите луѓе при  социјалната комуникација, и самата ситуација и цел зошто се заеднички комуницира. Постои пример кога една аутистична девојка стапила во врска, дружење кое било во почетна фаза на запознавање, каде момчето и кажало дека и се допаѓа и дека еден ден би можеле да стапат во брак. Што направила девојката. Зела куфер со облека, и отишла пред вратата на момчето со намера де се всели кај него, веднаш  штом завршила заедничката средба. Во некои случаи социјалниот дефицит е присутен уште во периодот на доенче. Таквите деца многу плачат, често се стиснати  кога се држат во раце, не сакаат родителите да ги држат во раце, ги подаваат рачињата кон родителите само кога сакаат да бидат подигнати и задоволни се самите со себе. Во други случаи социјалниот дефицит не се открива пред 18 месеци бидејки детето не покажува интерес кон другите деца.

Кај овие деца изостанува контактот со очите, развојот на говорот касни,  каснење во развојот на грубата моторика. Кај една третина од децата сето ова не се случува, помеѓу 12 –тиот и 24 –тиот месец од животoт на детето каде е бил еден нормален развоен период  социјална комуникација, одеднаш настанува регресија. После перидот на регресија и овие  деца имаат неадекватни социјални оштетувања  во социјалната  интеракција и комуникација. Најтешко оштетените деца со аутизам многу малку напредуваат со текот на времето, а децата на повисоко ниво на функционален аутизам напредуваат до 5-тата година. Тешко оштетените деца остануваат во состојба на социјална изолација, а полесните оштетени со аутизам се извлекуваат од оваа состојба во текот на 6 и 8 –мата година во животот. Потешките остануваат во својот свет и прават некои социјални контакти користејки некои стереотипни реченици, бидејќи не умеат да започнат ниту да го одржат разговорот. Умерено оштетените деца постојано ќе бараат внимание и да бидат нападнати немаат увид во таквата ситуација, допирајќи го соговорникот, повторувајќи постојано една иста тема.

 

Квалитативно оштетување на  на комуникацијата, вербалните спобности и мисловните способности на конкретно и  претставно ниво - имагинација, симболични игри, воопшто и да нема –кога децата се замислуваат како продавачки, фризерки, доктори, како волкот и Црвенкапа или со ликовите од играчките и цртаните филмови — Барби, БетМен, Фроузен. Развојот на јазикот кај аутизмот е задоцнет и девијантен, ехолалијата –повторувањето е често пристно  да туѓи кажани зборови, инверзно-обратно користење на заменките и на крај развој на спонтаниот говор, но во кој степен ќе се развијат говорните функции зависи се од количникот на интелигенција. Постојат два начина на развој на јазичните абнормалности. Говорниот развој доцне уште од самиот почеток. Кај една третина од  децата со  аутизам после периодот на рана фаза на развој на говорот следи регресија помеѓу 12 и 24 месец. Некои од децата имаат неколку зборчиња, но понатаму не напредуваат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
5
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
4
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?