Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Секое новороденче нема точно време за спиење, но веќе во 4 и 5 месец време е да формирате рутина за спиење која ќе биде во полза и на бебето и на сите околу него.
Во овие месеци се учи и седењето.Таман си го седнала со 10 перници одоколу и брзаш да завршиш некоја обврска,бебе се настранило,така 1000 пати во денот.
Време е и за првото забче. Болен период за бебе е вадењето заби. Тогаш се многу нервозни и плачливи,па купуваме 1000 гелови за мачкање и 1000 гумени играчки за во уста, но сепак тоа пак го одбира тоа што не смее да го става.
Откако ќе излезе првото забче, тој што го видел купува нешто бело за подарок на бебе. Дома мама прави или нарачува слатки колачиња во форма на забче, па торта, а во наше време тоа поминуваше и со сутлијаш.
Во овие месеци се започнува и исхраната.
Првиот чекор е испробување на вкусови. Воопшто немате појма со што и како да започнете.
Гуглате по форуми, групи и апликации. Се консултирате и со педијатар. Некој вика се започнува со овошје, друг вика се започнува со зеленчук. Или сте решиле да давате купечки кашички. Се започнува со морков, јаболка, модра слива, круша итн.
Се дава 3 дена од иста намирница, за да може да се види дали бебе ќе покаже алергиска реакција. Откако ќе има испробано повеќе намирници, вториот и третиот ден веќе може да се комбинира новата намирница со веќе испробана намирница. Зеленчукот и овошјето до првата година треба да бидат термички обработени.
Првото хранење, ако може така да се нарече обично изгледа повеќе мачкање со храна, бидејќи бебе има повеќе храна околу устата отколку во устата.
Се започнува со 2,3 лажички па постепено се зголемува количината. Откако бебе ќе изеде 100-150 грама кашичка, веќе е подготвено за прв оброк. Првиот оброк се дава за време на доручек. Вториот оброк се дава 30-40 дена од започнувањето на првиот оброк.Третиот оброк се дава исто 30-40 дена од давањето на вториот оброк. Вториот оброк се дава за време на ручек, третиот за време на вечера. Сето ова горе напишаното не ви е познато, па често се прашувате дали бебе сака уште, или да не сте му дале повеќе од што треба.1000 Прашања кои не мачат. Со воведувањето цврста храна се намалуваат подоите, но бебе некогаш и од навика сака да си игра и со цице.
Левел ставање во дубак, џампер и други вакви слични реквизити. Џампер да, дубак не драги мамички. Но, доколку во текот на денот пола саат, саат време нема како да завршите некоја домашна обврска се решавате да го ставите и во дубак. Е тука веќе збогувајте се од чист и неизгребан мебел.
Левел лазење и ставање се и сешто во уста. Како викаат старите, ти требаат два пара очи, едни и на грбот. Во овој период бебе сака да фати и таму каде што не смее, може да иде до места каде што не смее, може да стави во уста нешто што не смее. Добро внимавајте, но не го ставајте бебето во стаклено ѕвоно.
забава Бремените
Автор: bobik
Заздравување од ушна инфекција кај децата
Инфекциите на увото се една од најчестите здравствени состојби кај дец...
Водич за подготовка на домот по породување
Породувањето е еден од најубавите, но и најпредизвикувачки моменти во ...
Чисти површини, посигурен живот
Чистењето на домот не е само естетика. Тоа е инвестиција во здравјето,...
Што да јадете кога водата не ви е доволна?
Хидратацијата најчесто ја поврзуваме со пиење вода, но телото ја добив...
Сите имаме денови кога ништо не оди според планот, а најлесниот начин ...