|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

16 работи кои не треба да ги кажуваме на детето

Редакција Рингераја, 28.9.2016
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долготраен и доста сериозен ефект врз нивниот развој

image
/11


 

Ова е список на фрази  кои е подобро никогаш да не употребувате, ако сакате вашето дете да расте среќно, а и да чувствува колку е сакано.

 

 Се што правам е за тебе

Замислете - тоа всушност не е вистина. А освен тоа неизживениот живот на родителите е една од работите кои им штетат најмногу на децата. Според научниците оваа реплика не остава простор за гневот и болката на малите. И тие често мислат: "Ако мама и тато секогаш прават се за мене, зошто сум им лут? Сигурно јас сум причината да се чувствувам така. "А тоа е доста погрешно.

 

Помина добро на тестот, но зошто секогаш не е така?

Кога пофалбата е секогаш проследено со едно "но", таа всушност го става фокусот не врз постигнувањето, туку врз претходен неуспех. Не користете ја оваа фраза, ако сакате навистина да ја подигнете самодовербата на детето и да го мотивирате за уште успеси.

 

Ме нервираш!

Погрижете се, што и да се случува, да останете спокојни пред своите деца. Освен што речиси секогаш жалиме дека сме рекле нешто кога сме биле лути или фрустрирани, задржувањето на самодовербата е начин да им покажеме на децата како сакаме тие да се однесуваат. Ова е особено важно за родителите кои имаат склоност лесно и брзо да се лутат. Децата не се одговорни за тоа нивните родители да се чувствуваат добро, туку токму спротивното. Се разбира дека е важно да сфатат дека нивното однесување влијае на луѓето, но е исклучително несоодветно да сакаме од нив да се однесуваат на одреден начин, со кој се одговорни за чувствата на родителите, велат научниците.

 

Не јади го тоа, дебелее

Кога станува збор за тоа да ги натераме децата да се хранат здраво, научниците се категорични - фокусирајте се на придобивките и убавиот вкус на здравата храна, а не на лошите последици за тежината, како што е дебелеењето. Коментарот дека детето е дебело  може само да го вознемири и да ја намали неговата самодоверба.

 

Види колку сум се здебелила - треба да бидам на диета

Кога имаме лош ден, често ни се чини дека не изгледаме добро - имаме ќеси под очите. И ужас - пак сме качиле неколку килограми! Колку и лошо да ви изгледа одразот во огледалото, замислете се малку, пред да се жалите, бидејќи за вашето дете сте најубавиот и прекрасен човек и тие сакаат да станат исти како вас. Кога го критикуваат начинот на кој изгледате, не само што ја рушите сликата за себе во очите на детето, туку и го учите да не го сака своето тело.

 

Престани да плачеш веднаш!

Важно е да им дозволувате на децата да плачат и да ги покажат сите свои емоции. Тие имаат потреба да знаат дека е нормално да се чувствуваат среќни, тажни, лути, разочарани, сакани. Замислете - никогаш не би рекле на возрасен да престане да плаче, па зошто да го кажуваме тоа на малите, кои се уште поранливи? Не треба да очекувате вашето дете да се однесува како возрасен, едноставно поради тоа што се уште не е.

 

Голема работа!

Дури и нешто да не е толку важно за вас, тоа може да е голема работа за вашето дете. Кога ќе ја изговорите оваа фраза, тоа ги повредува нивните емоции. Не само што се срамат од она што за вас е сеедно, туку и ќе се засрамат при вашата реакција. Коментарот "Голема работа!" Не помага никому - ниту на децата, ниту на возрасните

 

 Толку си мрзелив / а

Децата не се такви. Често има скриена причина за тоа да не можат да ја завршат задачата која им е дадена. Со оваа фраза родителите ја напаѓаат самодовербата и самопочитувањето на своите деца.

 

Побрзо да одиме

Ова е една од најчесто користените реплики во секое семејство, но никогаш не води по себе до тоа да направиме нешто брзо, туку едноставно да станеме напнати. И во ритамот да заборавиме нешто за што потоа ќе жалиме и ќе треба да се вратиме. Наместо да им велите на своите деца да побрзаат, подобро им објаснете што да направат, советуваат психолозите. Често има скриена причина децата да не можат да ја завршат задачата која им е дадена.

 

Не прави така - што ќе помислат луѓето?

Многу луѓе се обидуваат да најдат најдобар начин да го научат детето да разликува добро од лошо. Кога ги учиме децата да се срамат од својата постапка пред другите луѓе, не му покажуваме што е подобро однесување. Така всушност доаѓа до лажење и криење на грешките. За да го научиме едно дете да разликува добро од лошо, треба да се изгради кај него вредносен систем кој нема да премине во страв од мислењето на другите

 

 Зошто треба да повторувам по 100 пати?

Ако треба да му го повторувате истото на детето, треба да разгледате друга  стратегија на комуникација со него. Досадувањето сигурно не треба да е дел од неа - децата имаат селективно слушање и ќе престанат да ви слушаат, ако почнете да го правите тоа. Наместо тоа обидете се со отворени прашања и така ќе ја постигнете својата цел. Наместо да го карате дека се тепа со својот брат, покажете му како е правилно да се дружи со него.

 

Не те сакам

Во животот детето сигурно ќе направи многу различни грешки. Но како вие родителите знаете дека колку и голема глупост да направи тоа и колку да сте разочарани во даден момент, не можете да престанете да го љубите. Не лишувајте го  детето од љубовта дури и на зборови.

 

Пак се однесуваш како бебе!

Не треба да очекувате вашето дете да се однесува како возрасен, едноставно поради тоа што се уште не е. Често децата се враќаат кон старите навики и начин на однесување кога се нервозни, нестрпливи или се плашат. Наместо да ги засрамите, обрнете внимание на нивните чувства.

 

Не го прави ова

Оваа фраза не учи на посакуваното однесување од родителот. Обидете се да го промените фокусот. Наместо да му кажете: "Не удирај го брат ти", може да го земете во раце и да му покажете како да го гали бебето.

 

Додека живееш во мојата куќа, ќе правиш што ти велам!

Заканата дека ќе го фрлите детето од куќата своја, е исклучително лоша идеја по толку многу причини, велат психолозите. Кога ја изговарате оваа фраза, или ќе го исплашите детето и ќе го повредите, или тоа ќе си помисли: супер, и ќе започне да ја разгледува можноста да си замине. Со изговарајте ги овие зборови, бидејќи се празна закана, која може да се сфати сериозно.

Чекај само татко ти да се прибере

Изговарањето на оваа фраза од страна на родителите е меч со две острици. Тоа предизвикува во свеста на детето модел на постојан страв и анксиозност. Фигурата на другиот родител се поврзува со казна, а тоа доведува до уништување на неговиот однос со детето. И тука заканата покажува неспособност за справување со ситуацијата и со самото дете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Афти
Афтозен стоматит, или уште познат само како „афти“, е заболување на усната празнина кое се карактеризира со појава на ма...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?