vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Масло од лаванда
Маслото од лаванда помага за раст на косата. Соодветно е за секој тип коса и спаѓа меѓу универзалните природни масла. Маслото од лаванда можете да го користите во различни домашни маски против првут и за оштетена коса. Маслото од лаванда се препорачува кај алопеција. Добро се комбинира со масло од јојоба и масло од рузмарин.
Измешајте 10 капки масло од лаванда со 5 капки масло од рузмарин и 4 капки масло од јојоба. Чувајте ја смесата во темно стаклено шишенце. Нанесувајте на скалпот и по должината на косата еднаш на 10 дена за забрзан раст.
.jpg)
Масло од рузмарин
Маслото од рузмарин е богато со витамин Б, железо и калциум. Соодветно е за тенка коса. Обично маслото од рузмарин се продава во многу висока концентрација, па ви препорачуваме да го растворате во други масла - најдобро во маслиново масло. Интересно кај маслото од рузмарин е дека помага при предвремено белеење на косата.
Направете си маска за сува коса со 1 авокадо, 15 капки масло од рузмарин и 2 лажици кокосово масло. Нанесете на скалпот и по должината на косата. Оставете 30 минути и исплакнете. Правете го третманот еднаш на 2 недели.

Масло од јојоба
Маслото од јојоба е богато со витамини А, Е и D. Тоа е меѓу маслата, погодни за секаков тип коса. Маслото од јојоба можете да го користите ако сакате да го засилите растот на косата. Едноставно нанесете на скалпот еднаш на 2 недели. Оставете го на главата 20 минути и измијте.

Масло од авокадо
Користете масло од авокадо, ако имате многу оштетена коса. Ако сте претерале со фигарото и пеглата, 1-месечна терапија со масло од авокадо ќе ви го врати свежиот изглед на косата. Маслото од авокадо спречува нерамномерност на косата. Богато е со витамини А, Е, Б6 и D.
Направете си лесна маска за потхранување на косата со 1 јајце, 1/2 лажици мед, 1 лажица масло од авокадо и 1 лажица маслиново масло. Нанесете на косата и оставете 10 минути. Измијте ја со шампон и млака вода.

Масло од калинка
За да ја заштитите косата во текот на летото, нанесувајте масло од калинка. Природното масло од калинка е богато со витамин Ц, В5, железо и калиум. Освен што формира филм околу влакното, маслото од калинка и додава гламур на косата. Единствено негативно на маслото од калинка е што е доста скапо.

3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Како да го користите циклусот во ваша корист?
Менструалниот циклус не е важен само за репродуктивното здравје. Тој в...
Врската со бебето започнува уште во бременоста
Врската меѓу мајката, таткото и бебето не започнува со породувањето. Т...
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?