namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Со текот на годините нашата кожа се менува, а состојбата на кожата често пати не одговара на возраста. Причините за нарушувањата се во непосредна врска со несоодветните животни навики како што се претераното изложување на сонце и во солариум, исхрана сиромашна со витамини и минерали, а богата со јагленохидрати и со заситени масти, внесување големи количества на кофеин и никотин и недоволно внесување на течности како вода, чај и природни сокови. Изложеноста на организмот на болести и на лекови, исто така води до предвремено стареење на кожата бидејки е дехидрирана и иритабилна, што се манифестира со лупење на надворешниот слој на кожата и доведува до нејзино предвремено стареење.
Секојдневниот стрес може многу да придонесе за предвремена појава на брчки предизвикани од наглото губење на тонусот на кожата, што резултира со нездрава жолтеникаво сива боја на тенот. Под влијание на стресот ослободените хормони предизвикуваат несакани појави во имунолошкиот систем на кожата. Позитивното влијание врз имунолошкиот систем на кожата во професионалната модерна козметологија е познат под името микродермоабразија. Станува збор за процес на нежно отстранување на задебелениот и изумрен слој на епидермисот со цел отстранување на старата, изумрена кожа и различните неправилности на неа, но без несакани ефекти. Со овој метод многу успешно се отстрануваат ситните и длабоки брчки, кератозите и грубата кожа, стриите, хиперпигментацијата и помалите лузни.
По отстранувањето на изумрените клетки забрзано се создаваат нови со кои кожата многу брзо и во многу поголема мера ги апсорбира супстанциите кои се користат во текот на третманот. Во исто време клетките почнуваат да емитираат антигени, јакнејќи го на тој начин имунитетот на кожата. Тој процес се нарекува ремодулација на кожата. Една нова метода на микродермоабразијата е дијамантската микродермоабразија која за разлика од претходните генерации на апарати, базирани врз кристали, користи вистински дијамантски честички. Во зависност од проблемот кој сакаме да го третираме, но и од целта која сакаме да ја постигнеме, како и од состојбата на самата кожа, се избираат различни дијамантски завршетоци кои се најсоодветни за одреден проблем. Во текот на третманот стариот слој кожа се отстранува со вакуум кој истовремено ги стимулира фиброобластите да произведуваат еластин и колаген.
По извршената микродермоабразија во кожата се внесуваат супстанции кои се во дефицит(на пр. ампули со колаген, липозоми, хијалуронска киселина, витамини и минерали идр.) , а се со цел решавање одреден кожен проблем.
Отстранувањето на брчките и постигнување на младалачки изглед на кожата
Овој третман често се нарекува и нехируршки лифтинг на лицето. За да се отстранат малите и значително да се намалат длабоките брчки микродермоабразијата секогаш се комбинира со радијална ендодермна терапија, која се темели врз ефектите од наизменичниот вакуум. Со овој метод на длабинска масажа на кожното и поткожното ткиво значително се зајакнуваат микроциркулацијата и капиларната пермеабилност, што овозможува значително подобра оксидација и подобар метаболизам на кожата. Значително се подобрува и хидратацијата на надворешно - клеточниот простор, со што се забрзува и се обезбедува правилна работа на фибропластите, односно се зајакнува обновувањето на колагените и еластичните влакна, се подобрува тонусот на кожата и се зајакнува мускулатурата. Откако со дермоабразија е опфатена целната површина на кожата, третманот секогаш се завршува со длабинско потхранување со супстанции кои недостигаат. Со помош на ионтофореза (електрична осмоза) или со галвано терапија се внесуваат ампули со чист колаген и липозоми, а во зависност од потребата и од состојките на кожата и ампули со витамини А,Ц,Е..... или со коензим Q10, кој на овој начин навлегува до самата матрица на кожата. Така истретираната кожа изгледа многу помлада, брчките се значително помали, оние малите целосно исчезнуваат, а тенот има здрав и свеж изглед.
Намалување на лузните и порите како и прочистување на тенот
Со дијамантската микродермоабразија можат значително да се намалат длабоките лузни и пори и да се овозможи забрзано создавање на нови клетки и регенерација на оштетеното ткиво. Со отстранување на површинскиот слој кожата се прочистува бидејќи порите длабински се чистат од насобраниот себум и нечистотија (митесери) а за подобар проток на крв се воспоставува оптимален доток на храна и кислород и лимфна дренажа, што ја намалува можноста за создавање на акни.
Отстранување на хиперпигментација
Со овој метод можат да се отстранат пегите од сонце, старечките пеги, хиперпигментација како последица од акни и сите други хиперпигментации предизвикани од некое здравствено нарушување. И хормонски условената хиперпигментација може успешно да се лекува , но со задолжително медицинско лекување за да се отстрани причината за нејзиното појавување.
Областите со хиперпигментација се третираат со дијамантска микродермоабразија така што јачината на дијамантската терапија постојано се зголемува. Во текот на треманот задолжително треба да се користат кремови со висок фактор на заштита. Со примена на дијамантска микродермоабразија во козметиката , се постигнуваат извонредни резултати за многу краток период.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?