|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

5 лаги кои децата треба да ги слушнат

Michelle Underwood, 5.2.2023
Отсекогаш знаев дека еден ден треба да ги лажам децата. Тоа е еден од чудните родителски моменти, кога треба да се донесат тешки одлуки. Треба да ги учиме децата да не лажат, додека се уште повремено ги лажеме
Клучни зборови:

image
/11


И тогаш, кога еднаш ќе откријат дека регуларно ги лажеме, мораме да ги научиме за разликата меѓу белата лага и лагата заради пропуст, ставање во заблуда, како и несоодветната лага. А тоа е многу комплицирано.

Еден ден, ќе и кажам на ќерка ми за Дедо Мраз и за Велигденското зајаче, за да и дадам чувство за магија и да ја поттикнам нејзината имагинација. И покрај тоа што знам дека е лага, мислам дека тоа е лага која може да направи повеќе добро од лошо. Се надевам дека ќе бидам родител кој е отворен и искрен со своето дете, но сигурна сум дека некогаш ќе морам да ја излажам. Понекогаш ќе ја лажам за да ја заштитам, другпат за да и дадам надеж или за да се убедам себеси дека:

Се ќе биде во ред. Па, мала девојко, прекрсти ги прстите и надежта е тука. Сентиментален говор кој треба да те смири, а вистината е дека нешто нема да биде во ред – барем не веднаш, или за некое време.  Се' што те повредува ќе помине кога ќе дојде време, не пред тоа. Во одреден момент од животот ќе се заљубиш и срцето ќе ти биде скршено. Луѓето ќе ти дадат совет, ќе ти кажат дека многу брзо ќе преболиш и дека ќе бидеш во ред. Но нема да бидеш, извесно време. Се додека еден ден не се разбудиш и не помине се.

 

Нема од што да се плашиш. Глупости. Постојат многу работи од кои треба да се плашиш. Јас се уште се плашам од темнината и дека некој ќе ме фати за кога кога станувам од креветот. Се плашам дека некој одназад ќе ме задави додека ручам на маса. Се плашам дека нема да бидам добар родител и дека нема да ја напишам книгата, која толку очајно сакам да ја напишам. Се плашам и за тебе, душо моја. Се плашам и за сите лоши работи кои треба да ги поминеш во животот. Се плашам дека ќе бидеш повредена. Дека ќе се чувствуваш изгубено. Се плашам да не ме мразиш. Се плашам од толку многу нешта. Поентата е во тоа дека е ОК да се плашиш, доколку стравовите комплетно не те парализираат.  Не дозволувај да те спречат да живееш, да сакаш или да бидеш своја.

 

Ако си добра личност, добри работи ќе ти се случуваат. Секако, но понекогаш иако си добра личност, ќе ти се случуваат лоши работи. Ќе се случи да ја изгубиш работата, или да те напушти некој кој го сакаш. И не можеш да направиш ништо за да го спречиш тоа и ќе се чувствуваш предадено и изгубено. Можеш да чувствуваш како никој да не е на твоја страна и дека никој не те разбира. Понекогаш, без причина, работите тргнуваат наопаку. Не обрнувај внимание на тоа бидејќи нема да трае вечно и обиди се да ја пронајдеш убавината во животот, независно колку е мала, бидејќи таа го прави животот снослив и вреден за живеење.

 

Можеш да бидеш што сакаш кога ќе пораснеш. Ако ова е вистина, јас ќе бев професионален писател кој живее во куќа во Менхетн. Но животот не функционира така. На некои луѓе им е многу лесно да ги достигнат сопствените соништа, но за повеќето од нас потребно е многу работа. Ти треба талент, вештини и посветеност. Понекогаш и тоа не е доволно. Мислев дека големата насмевка, желбата за танцување и посветеноста, ќе ме направат професионален танчер. Но не ме направија. Мислев дека пишувањето книга со позитивни ликови и интересни настани, ќе направи бестселер. Но не направи. Ако прифатиш дека нема секогаш да биде лесно и ако не дозволиш падовите да те обесхрабрат, најверојатно ќе го добиеш тоа што го сакаш.

 

Љубовта е се' што ти треба. Тоа е исто како да живееш на улица со петте деца и со сопругот, но доволно е што се сакате меѓусебно. Се шегувам, секако. Љубовта е важна, но таа сама не не одржува во живот. Љубовта е трпелива и слатка, но не им дава храна и облека , топлина и сигурност на децата. Љубовта не создава покрив над главата. Нема потполно да ве излечи кога сте болни. Нема да ја гарантира вашата безбедност. Значи само љубовта кон себе, кон Бога и кон другите, не е единствено нешто што ти треба. Не дозволувај никој да те убеди во тоа. Тоа, драго мое дете е стапица во која не смееш да паднеш.

Не сакам моето дете да биде цинично како мене, барем не додека некој не му го скрши срцето, или додека не биде отфрлено. До тогаш ќе му кажувам невини лаги кои ќе му дадат самодоверба и комфорт. Ќе се трудам да израснам дете полно со оптимизам, бестрашна жена која верува дека може да го освои светот. Ќе и го кажам тоа со насмевка, бидејќи јас сум мајка и тоа е мојата работа.

Ќе и кажувам убави и оптимистички мисли и ќе ја охрабрувам се додека можам. Можете да ме наречете лажга, но не можете да ме наречете уништувач на детството.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Само уште пет минутиииии!
Една од најголемите битки кои се наметнуваат за водење, најверојатно се крие токму во оваа реченица. Знаете ли како да н...
4
Кога цртежите на децата ќе "оживеат"
Telmo Pieper е холандски уметник кој со помош на Photoshop дигитално ги „оживува“ детските цртежи во реална фотографија....
4
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести кои се предизвикани од бактерии во храната, особено ...
4
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?