Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Есента веќе настапи и започнаа активностите на детето во училиште или градинка. Колку што е голема возбудата заради новиот свет кој ќе му се открие на детето, толку е присутен и стравот од негативните работи кои ги следат детските колективи. Постојано течење на носот, кашлица, настинка и грип, цревни инфекции ...
Од една страна не постои начин да го избегнеме ризикот од боледување на детето, заради честата средба со непознати бактерии и вируси, на кои сме изложени сите. Сепак имунитетот не се должи само на гените. Постојат некои ефикасни и проверени начини да се подобрат заштитните сили на детскиот организам. Нема имунолошки систем, кој ќе обезбеди 100% заштита од предизвикувачи на инфекции и болести, но најдобриот имунитет, секако, му овозможува на детето повеќе да игра и расте слободно и безгрижно, а родителите - да бидат поспокојни. Добар имунитет се смета и кога болеста се одвива за кратко, организмот се опоравува брзо и станува отпорен на патогени микроорганизми.
Како може да се постигне добар имунитет кај детето?
Хранење и мени на детето
Грижата за добриот имунитет на детето започнува од создавањето но и придржувањето кон здрав режим на исхрана. Овој режим треба задолжително да ги обезбедува потребните корисни материи и нутриенти за организмот на детето, за да може тој да расте и да се развива правилно, како и органите и метаболизмот да му да функционираат без тешкотии.
Храната која треба да ја консумира детето, треба да се состои претежно од природни производи, чисти од штетните влијанија на прехранбената индустрија. Грижата треба да е насочена кон добивање на корисни извори на енергија и избалансирано внесување на јагленохидрати, протеини и масти. Познато е дека храната богата со масти и јагленохидрати, освен што придонесуваат за прекумерна тежина, туку е и причина за појава на замор, губење на тонусот, нарушување на метаболизмот и ослабување на имунитетот. За хемиските супстанции во храната е излишно да се спомене дека во најлош случај, се причина за штетните процеси во организмот, бавното труење, воспаленијата и алергиите.
Нездравата храна го оптоварува организмот на детето и го прави слаб, дури и да не дојде до патолошки состојби. Таа го слабее имунитетот и детето почнува често да боледува.
За заштита на детето од болести потребно е да се исклучи шеќерот од детското мени, колку што е можно повеќе. Тоа не значи детето да биде лишено од десерти, но тие да бидат разумно одбрани.
Ако сакаме здраво дете, неговото мени треба да се состои главно од зеленчук, цели плодови, салати, ореви, семки, житни и мешункасти производи, јајца, риба, млеко и месо.
Грижете се за природната рамнотежа на системот за варење на детето
Тоа се сите оние бактерии, кои се од корист на организмот при неговото функционирање. Од исклучително значење е грижата за цревната микрофлора, на што се должи голем дел од силата на имунитетот. Пробиотиците се корисни не само за дигестивните процеси, туку тие не штитат и од влијанието на патогени организми и помагаат во лачењето на токсичните материи надвор од организмот. Дигестивниот систем кај детето е силно чувствителен, микрофлората кај него допрва се обложува и развива. Микрофлората кај децата многу почесто се отстранува при средбата со причинителите на болести и приемот на антибиотици и други лекови, со кои детето е оптоварено во најраната детска возраст при чести боледувања. За одржување на цревната микрофлора корисно и препорачливо е децата секојдневно да консумираат јогурт, кој содржи бифидо- и лактобактерии.
Пазете го детето од стрес
Не постои организам подложен на стрес, кој не е склон на боледување! Тоа е факторот за ослабен имунитет, кој родителите најчесто го забораваат. Не треба да мислиме дека само ние, како возрасни, сме подложени на стрес и напнатост.
Во детскиот организам делуваат истите убиствени механизми на стресот, па кај нив како и кај возрасните - расте нивото на кортизолот и адреналинот кои се познати со уништувачката моќ во однос на имунитетот.
Задачата на родителите е да се грижат за тоа детето да се чувствува сигурно и мирно. Среќното дете не сака да лежи во кревет и дури да се случи да се разболи, има беспрекорно вроден поттик да оздрави побрзо и повторно да го истражува светот.
За жал, не постои начин со кој може да се создаде идеална средина за детето. Најважно е да го заштитиме детето од постојан стрес, како и да му даваме доволно време за одмор.
Основниот предизвик како родители е да останеме со отворени очи и срца кон проблемите на децата и нивните чувства.
Сон
Исклучително важно за здравјето на детето е да спие доволно. За време на спиењето организмот "ги поправа" сите штети кои се случиле за време на денот. Во сонот се надоместуваат заштитните сили и се синхронизираат процесите.
Според возраста на децата им се потребни од 10 до 14 часа спиење дневно. Важно е просторијата во која спијат да е проветрена, со температура од околу 19 степени и затемнета. Организмот лачи мелатонин само во отсуство на светлина - тоа е хормонот на сонот на кој се должи регенерацијата на организмот.
Сите фактори кои можат да му наштетат на сонот, треба да бидат отстранети од просторијата - ова најчесто се однесува на електротехниката, сите апарати со екрани и др. Во просторијата да има услови за ноќен одмор.
Не лишувајте го детето од спиење, заради дополнителни активности. Ненаспиените деца се бледи, со отечени очи и болни. Има време за сè!
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?