Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Железото е минерал во трагови кој е од есенцијална важност за нашето здравје. Овој витален минерал помага во процесот на формирање на хемоглобинот во крвта, во транспортирањето на кислород во клетките, развојот на мозокот и неговата функција, регулацијата на телесната температура и мускулните активности.
Железото е присутно во повеќе видови на растителна и животинска исхрана, како што се: сусамот и житните растенија, спанаќот, сојата, сушените кајсии, црвеното месо, сардините, туната и др.
Недостатокот на железо во организмот го ослабува имуниот систем и може да доведе до главоболка, вртоглавица, несвестица, тахикардија, замор, кршливост на ноктите и косата како и намалена концентрација.
Дополнителното внесување на железо како додаток во секојдневната исхрана е потребно најмногу кај децата, адолесцентите, бремените жени, како и кај лицата со недостаток на железо во крвта (анемија).
Дневни потреби на организмот
Дневните потреби на организмот за овој минерал кои се препорачани од Американскиот Национален Институт за здравје се прикажани во следната табела:
Деца од 7- 12 месеци | 11 мг/дневна доза |
Од 1- 3 години | 7 мг/дневна доза |
Од 4 - 8 години | 10 мг/дневна доза |
Од 9 - 13 години | 8 мг/дневна доза |
Адолесценти 14 - 18 год. (женски пол) | 15 мг/ дневна доза |
Адолесценти 14 - 18 год. (машки пол) | 11 мг/ дневна доза |
Бремени жени | 27 мг/дневна доза |
Доилки | 9 мг/дневна доза |
Жени од 19 - 50 год. | 18 мг/ дневна доза |
Мажи од 19 - 50 год. | 8 мг/ дневна доза |
Мажи и жени над 51 год. | 8 мг/ дневна доза |
Употреба:
4
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...