|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Здравје во чаша козјо млеко и козјо сирење

www.rak.mk, 10.9.2011
Се верува дека козата била првото животно кое човекот го користел за производство на млеко. Старите Грци и Римјани пиеле козјо млеко, бидејќи верувале дека е многу здраво.

image
/11


 

Козјото млеко содржи витамини, минерали, амино-киселини, квалитетни протеини, масти, а е добар извор и на рибофлавини. Козјото млеко содржи доста калциум, кој е многу важен за одржување на цврстината и густината на коските. Исто така, содржи и доста калиум, кој е есенцијален минерал за одржување на нормалниот крвен притисок.

 

Разлика меѓу козјото и кравјото млеко


Козјото млеко се разликува од кравјото по бојата, вкусот и мирисот. Козјото млеко содржи помалку натриум, а повеќе калиум и хлориди. Содржи помалку железо, фолати и витамин Д, па доенчињата кои се на исхрана само со козјо мелко можат да заболат од еден вид на анемија, т.н. мегалобластна анемија, која се јавува како последица на недостаток на фолати и витамин Б12. Поради опасноста од бруцелоза, козјото млеко треба да се свари веднаш после молзењето.

Во однос на кравјото, козјото млеко содржи повеќе есенцијални масни киселини и полесно е за варење. Калориската вредност на козјото млеко е скоро иста со онаа на кравјото. Белковините од козјото млеко се слични со белковините во мајчиното млеко.

 

Здравје во чаша козјо млеко и во козјо сирење


Козјото млеко е извор на високо квалитетни протеини, на витамини и на минерали. Еден литар козјо млеко содржи 32 грама протеини, што е доволна дневна потреба за дете од 11 години, односно 70% од дневната потреба на една трудница.

Козјото млеко полесно се вари во желудникот, бидејќи неговите масти се составени од помали честички, за разлика од мастите од кравјото млеко, кои се потешки за варење.

озјото млеко е добар извор на минерални материи, кои му се потребни на човечкиот организам. Одличен е ивор на витамини. Еден литар козјо млеко ја содржи дневната потреба за витамини за човечкиот организам.

Од козјото млеко се прави и сирење, кое е многу здраво. Во светот постојат 450 вида козјо сирење. Козјото млеко и сирење се препорачува за прочистување на организмот и за зголемување на имунитетот.

 

 

Извор: www.rak.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто бебињата ги стегаат тупаниците?
Рачињата секогаш стегнати во тупаница е едно од најчестите и најзабележителните движења кај новороденчињата. Иако на прв...
16
10 начини како да бидете фантастична баба ...
Современи баби и дедовци не само што чуваат, тие инспирираат, водат и сакаат без граници.
6
Што ќе ви се случи ако јадете банани со то...
Сите сакаат банани – вкусни се, здрави и полни со калиум. Дали некогаш сте се запрашале во кој стадиум на зрелост се бан...
4
Домашни обврски со бебе?
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска мисија. Самото подготвување ручек или фрлање ѓубре п...
3




Анкета

Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16

Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.