|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Време е за вакцина против грип

www.zazdravje.com.mk, 17.10.2012
Сте размислувале ли околу можноста да се вакцинирате против грип оваа година? Вакцината против грип е најдобриот начин да се заштитите од грипот, а заштитата од грип треба да биде цел на сите нас

image
/11


 

 

Според CDC, 20% од Американците се разболуваат од грип секоја година. Повеќе од 200,000 луѓе се хоспитализираат на годишно ниво, додека од 3,000 до 49,000 смртни случаи се поврзани со грипот. Овие статистики значајно би се намалиле доколку луѓето ја користат можноста да се вакцинираат од грип секоја година.

 

Кога треба да се вакцинирам против грип?

 

Бидејќи сезоната на грип може да почне дури од октомври и да трае сè до мај, најдобриот период за да се вакцинирате би бил септември или октомври. На вакцината и се потребни околу 2 недели за да започне да делува на организмот. Можете да се вакцинирате дури и во декември ако сакате, бидејќи сезоната на грипот трае и до пролет, но колку порано се вакцинирате, толку се поголеми шансите да не се заразите со грип.

 

 

Какви видови на вакцини и превентивни мерки против грип се достапни?

 

  • Традиционална вакцина против грип. Мускулна инјекција која се состои од честички слични на грипот и го стимулира имунитетот. Без грижи, овие честички не можат да ве заразат од грипот.

 

  • Висока доза на вакцината која им се дава на лица со 65 години и постари. Ги содржи истите честички како и погорниот пример, но дозата е поголема, бидејќи имунитетот кај постарите лица е послаб и му е потребна поголема помош.

 

  • Интрадермална инјекција која се користи за лица од 18 до 64 години. Се состои од мала и тенка игла која ја прободува само кожата и ги содржи истите честички како и погорните примери.

 

  • Назален спреј против грип. Се користи за лица од 2 до 49 години. Овој метод се состои од живи но ослабени честички на грип, но исто како и претходните методи, не предизвикува грип.

 

 

Како вакцината против грип му делува на организмот за да го спречи грипот?

 

Дозите кои се внесуваат при горенаведените начини предизвикуваат во Вашето тело да се развиваат антитела на вирусот. Овие антитела предизвикуваат заштита против инфекција од грипот. Оваа реакција може да предизвика појава на замор и болки во мускулите кај некои луѓе.

 

Она што треба да се запомни е дека вакцината не може да го предизвика грипот. Понекогаш луѓето кои ја примиле дозата, се заразиле со грип пред да истечат тие потребни 2 недели за да честичките делуваат. Нема никакви медицински докази дека честичките внесени во организмот предизвикуваат грип или ги прават луѓето ранливи на оваа зараза.

Иако вакцините од грип не се 100% ефективни – вакцинираните луѓе некогаш се разболуваат од грип, но кај нив болеста е изразена со поблаги знаци отколку кај луѓето кои не се вакцинирани.

 

Секоја година, дозата која ја примаат луѓето содржи различни видови од вирусот. Честичките кои се бираат од докторите се оние за кои истражувањата покажале дека се големи шансите да се појават таа година.

 

 

Кои луѓе треба да се заштитат од грипот?

 

Годишна вакцинација од грип е препорачана за секој постар од 6 месеци, а особено е препорачана кај оние луѓе кои се со слаб имунитет и склони на компликации предизвикани од грип, како што е пневмонијата.

 

Ризичните групи на луѓе се:

 

  • Сите деца од 6 месеци до 18 години
  • Луѓето со навршени 50 години и постари
  • Жени кои се бремени додека трае сезоната на грипот
  • Луѓе што живеат во старечки домови
  • Возрасни со хронични болести на срцето и белите дробови како што е астмата или било кои болести кои го ослабуваат имунитетот, како што е дијабетесот
  • Личности кои што се постојано во допир со деца и возрасни, како што се негувателките во градинките
  • Сите личности кои што се во секојдневен контакт со ризичните групи на луѓе, како што се медицинските работници.

 

 

Кои луѓе треба да се консултираат со својот доктор пред да се заштитат од грипот?

 

Според CDC, треба да поразговарате со Вашиот доктор пред да се вакцинирате против грип ако:

  • Сте имале алергиска реакција по примена вакцина против грип
  • Алергични сте на јајца (бидејќи честичките кои се вбризгуваат во Вашиот организам се одгледуваат во јајца). Луѓе со тешка алергија на јајца не треба да се вакцинираат против грип
  • Сте страдале претходно од Џилиан – Бар синдромот. Овој синдром е заболување во кое имунитетот на еден организам напаѓа дел од нервниот систем
  • Сте болни. Ако имате покачена телесна температура, разговарајте со вашиот лекар околу периодот кога би можеле да се вакцинирате против грип. Но ако страдате од блага настинка без покачена телесна температура, нема никаков проблем ако ја земете годишната доза.

 

 

Кои се контраиндикациите од вакцината?

 

Можно е да почувствувате оток и чешање на Вашата рака по вакцината. Некои луѓе имаат симптоми слични на настинка по вакцинирањето, како што се главоболки, болки во грлото, болки во телото, исфрлување на секрет од носот итн. ден до два откако ја примиле вакцината. Во некои случаи пак, одредена бројка на луѓе искусиле и благо покачување на телесната температура.

Сериозните контраиндикации од оваа вакцина се многу ретки. Но ако настанат, ќе настанат неколку минути до неколку часа по вакцинирањето.

Важно е да се запамети дека благодетите од вакцинирањето против грипот се многу поголеми отколку контраиндикациите појавени од постапката.

 

 

Кои луѓе можат да ја примат назалната вакцина против грип?

 

Назалната вакцина против грип е препорачана само за здрави личности од 2 до 49 годишна возраст. Не е препорачана за помали деца од 2 години, бремени жени, возрасни луѓе над 50 години и луѓе кои страдаат од некакви  болести.

 

Контраиндикациите кои се јавуваат по назалната вакцина кај деца се:

  • Зголемено лачење на секрет од носот
  • Главоболка
  • Повраќање
  • Болки во мускулите
  • Покачена телесна температура

 

Контраинцикациите кои се јавуваат по назалната вакцина кај возрасни се:

  • Зголемено лачење на секрет од носот
  • Главоболка
  • Болки во грлото

 

 

 

zazdravje

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
4
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
4
Претоплувањето на децата е опасно!
Прекумерната топлина не е помалку опасна од студот и тоа треба да го знаат сите родители. Битно е да одржувате оптимална...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?