|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Водич за нега на близнаци

Редакција Рингераја, 4.7.2012
Покрај огромната радост, раѓањето на близнаци претставува и своевиден стрес за родителите. Ако сте една од оние среќници кои очекуваат две бебиња, веројатно се грижите како ќе се снајдете со близнаците. Се надеваме дека овој водич ќе Ви биде од помош

image
/11


 

 

Опрема

 

oprema


Не мора да купувате по две парчиња од се'. Доволна Ви е една кадичка за капење и една подлога за преповивање. Секако, ќе Ви бидат потребни две хранилки, две автоседишта...

Количката е најголем трошок па пред да купите морате добро да ги погледате моделите кои се во понуда, за да го изберете оној кој најмногу Ви одговара. Двојната количка е поголема, но мора да водите сметка за димензиите и да проверите дали можете да влегувате низ врата во лифт и слично. Има различни модели на колички за близнаци па така бебињата можат да седат едно до друго, да гледаат во Вас, да гледаат кон напред или да седат едно наспроти друго. Кога станува збор за облеката секое бебе мора да има своја облека.

 

Хранење

 

hranenje


Ако имате млеко, најдобро е да ги доите Вашите бебиња. Секако Вам Ви е покомплицирано отколку на мајките кои имаат само едно бебе така што за подоите ќе Ви биде потребно повеќе време. Но доењето е многу важно за бебето и не чини ништо. Исто така не мора да водите сметка за подготвување на адаптирано млеко. Сјаен начин за заштеда на време е истовремено доење. Ако едното бебе се разбуди гладно, разбудете го и другото. Со малку повеќе среќа и трпение ќе се усогласи нивниот распоред за хранење. Еден од најпопуларните начини за хранење на бебето во светот се нарекува “држење на топка за рагби” кога нозете им поминуваат под Вашите раце. Сепак, одвоеното хранење е добар начин да се поврзете со секое бебе. Тоа е важно и за близнаците и за Вас.

 

Спиење

 

spienje


Во рутината лежи спасот. Секако, доследоста е значајна, но не по секоја цена. Потребна е и доза на флексибилност. Најдобро е секое бебе да спие со свое креветче. Некои родители ги ставаат бебињата да спијат во исто креветче веднаш по раѓањето бидејќи е неопходно да бидат едно до друго. Бидејќи така можат да спијат многу кратко време најдобро е потоа да спијат одвоени секое во свое креветче.

 

Пресоблекување

 

presoblekuvanje


Додека го пресоблекувате едното бебе, водете сметка другото да биде на сигурно. На пример во креветчето, во оградичката, или во количка обезбедена со сигурносен каиш.

 

Бањање

 

banjanje


Додека се сосема мали, близнаците мора да ги бањате поединечно. Дури кога ќе пораснат, можете да ги бањате заедно. Во почетокот бањајте го едното бебе додека партнерот си игра со другото. Во последно време стручњаците препорачуваат бебињата да не се бањаат секој ден, бидејќи на тој начин им паѓа заштитниот слој на кожата, па тоа можете да го искористите за да ги бањате бебињата во различни денови.

 

Време за Вас

 

tato


Со две бебиња, секојдневниот живот може да стане бесконечен круг на хранење и преповивање. Затоа прифатете ја секоја помош која Ви се нуди. Бидете отворени со семејството и пријателите и дајте им до знаење дека би било добро понекогаш да Ви зготват ручек, да Ви испеглаат или да одат во набавка...

Кога имате две бебиња и трошоците се двојно поголеми. Ако имате можност ангажирајте дадилка, која малку ќе Ве замени. Искористете го секој слободен момент за да се одморите и да си ја вратите енергијата. Затоа кога бебињата спијат, спијте и Вие. Ако Ве посетат родителите искористете ја можноста и бидете малку сами со партнерот. Доколку водите грижа и за себе ќе им биде подобро и на Вашите бебиња.

 

 

Среќно!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што покажува првата бебешка столица?
Ново истражување - првата бебешка столица им помага на докторите да увидат дали бебето било изложено на алкохол и може д...
3
Како се менуваат градите по бременоста
Градите после породувањето, дали доите или не, се соочуваат со промени неколку месеци откако ќе се породите. Овие промен...
3
Запознајте го НОВИОТ Johnson’s
Johnson’s соработува со стручнаците и родителите ширум светот како би бил предводник во истражувањата и разбирањето на п...
3
Фото: Четирите девојчиња на парот Гарднер
Фотографии од долгоочекуваната четворка на Ешли и Тајсон Гарднер. Уживајте!
3




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.