namesp во 10:12
Чистотата е половина болест?!
Редакција Рингераја, 24.4.2012
Неодамна објавената студија, посветена на влијанието на микроорганизмите во најраното детство на воспалителните процеси кои предизвикуваат болести во подоцнежните години и предизвикуваат брзо стареење, дава докази дека превисокото ниво на хигиена во детството е причина на многу здравствени проблеми во зрелоста.
Уште повеќе, изгледа дека изложеноста на заразни микроорганизми во детството, може да не спаси од смртоносни кардиоваскуларни болести во староста.
"Наспроти верувањето кое преовладува, нашето истражување покажува дека претерано чистото опкружување и високиот степен на хигиена во првите години од животот на детето, придонесува за чести воспалителни процеси подоцна во животот и го зголемува ризикот од широк спектар на болести", објаснува Томас Мек Дејд, лидер на истражувањето, додавајќи дека човекот денес, за прв пат во историјата, се сретнува со толку чисто опкружување.
“Истражувањето покажува дека на нашиот организам му е потребно далеку повисоко ниво на изложување на секојдневни бактерии и микроби, за да се развијат одбранбени механизми.”
"Неопходно ни е од најраните детски денови да се сретнеме со истите оние микробиолошки предизвици со кои луѓето се сретнувале во текот на еволуцијата, за да функционираме оптимално кога ќе бидеме возрасни луѓе", заклучува МекДејд.
Оваа студија е прво истражување кое се концентрирало на долгорочните ефекти на средината на нашето здравје, а се состоела во следење на испитаниците од нивниот развој во материцата па се до 22 – та година, мерејќи го влијанието на опкружувањето на создавање на C-реактивен протеин во подоцнежниот живот. Нивото на протеини во крвта расте кога има воспалителен процес во организмот, како реакција на имуниот систем на инфекцијата.
Научниците следеле 3327 филипински мајки од третиот триместар на бременоста (во тек на раните осумдесетти), запишувајќи ги нивните навики во поглед на грижа за новороденчето и доењето, условите и хигиената во домаќинството, контактот на децата со домашните животни и густината на населеноста. Истражувачите потоа го следеле растењето на децата се до нивната дваесетта година, бележејќи ги сите болести, како и растот и напредокот. Резултаатите по 22 година на следење покажуваат дека во средините во кои децата се изложени на мал број бактерии и микроорганизми, како САД, нивото на овој протеин кај возрасните луѓе е 80% повисоко од, да речеме, жител на Филипините, кој како дете во просек бил изложен на многу повеќе бактерии, микроорганизми и воспалителни процеси.
Во Америка е раширена идејата дека бебињата и децата мора да ги заштитиме од микроби и бактерии по секоја цена, кажува Мек Дејд – но на тој начин изгледа спречуваме да го развијат имунолошкиот систем, бидејќи нему му е потребна стимулација на средината за успешно да функционира низ детството и зрелоста. Без таа стимулација организмот подоцна многу тешко се снаоѓа со воспалителните процеси и произведува претерано жестоки реакции кои е многу тешко да бидат спречени.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Доколку во вашето семејство, без разлика дали е од страна на мајката или таткото, се потврдени алергии, веројатноста дек...

Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор

Познавам многу мои другари што работаат како ПРОДАВАЧИ во аптека“. Зошто напишав ПРОДАВАЧИ со големи букви? Исто така, г...

Грозјето е многу вкусно и здраво овошје. Тоа не само што освежува, туку се користи и како природен лек за чистење на крв...
