|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Доколку во вашето семејство, без разлика дали е од страна на мајката или таткото, се потврдени алергии, веројатноста дека детето ќе појави алергија е голема, па дури и преку млекото од мајката, во зависност од тоа што таа ќе изеде.

image
/11


Најчеста е преосетливоста на кравјо млеко, затоа што антителата од кравјото млеко преминуваат во мајчиното млеко во облик на белковини. Значи, доколку мајката се посомнева дека конзумирањето на кравјото млеко или млечните производи, негативно влијаат на детето, во договор со доктор, таа ги исфрла од својата исхрана. Исто така, се исфрла и останата храна која можеби предизвикувa алергија кај детето.

Заедно со млекото, најчести алергени се јајцата, портокалите, пченицата. Пред да се бара сомнителната храна која предизвикува алергија на детето, треба да се подразмисли дали можеби детето покажува алергии кон нешто друго, како сок, адаптирано млеко или можеби на витамините или железото кое го прима.

Најдобра храна за бебето е мајчиното млеко, кое содржи релативно малку алергени, а истовремено со него детето добива и антиалергиски особини. Антителата кои детето ги добива преку мајчиното млеко го заштитуваат од појава на атописки дерматитис, а добива и имуноглобини со антиинфекциски особини. Кога докторот ќе ја утврди и со тестирање ќе ја докаже алергијата кај вашето дете, не е неопходно да го прекинете доењето. Со правилна, па дури и многу јака диета, можете и понатаму да го доите вашето дете. Меѓутоа ќе морате темелно да ја промените својата исхрана. Мајчиното млеко во првите шест месеци од животот му овозможува на бебето се што е потребно за негов нормален развој.

 


Важноста на доењето  

Мораме да знаеме дека мајчиното млеко е првата имунизација на детето. Мајчиното млеко содржи многу елементи кои на вашето дете му помагаат во борба против инфекции, содржи голем број на бели крвни клетки кои се борат против заразите, па дури и во детскиот стомак. Мајчиното млеко содржи и голема количина на протеини кои се нарекуваат имуноглобини и тие имаат улога да се борат против заразите и паразитите. Додека детето е сеуште во матката, ги прима мајчините имуноглобини преку постелката, кои го штитат детето во првите месеци од неговиот живот, но до деветиот месец полека се губат од телото. Тогаш организмот на детето почнува да произведува свои имуноглобини, но овој процес во прите месеци е многу бавен, затоа мајчинотото млеко му дава нови резерви на имуноглобини кои го штитат детето. Што се однесува на заштитата, мајчиното млеко е најважно токму во првите денови од животот на бебето, кога тоа е изложено на заразите од надворешната околина.

Некои од тие имуноглобини дејствуваат како заштитна боја, кои ја штитат внатрешноста на цревата на бебето од опасни бактерии. Докажано е дека доените деца во првите месеци од својот живот имаат многу помалку проблеми со пролив (gastroenteritis) и заболување на цревата, од децата кои не се доени.

Мајчиното млеко цело време содржи антитела кои се успешни во борба против бактерии и вируси. Го спречуваат развојот на штетните бактерии, а тоа придонесува за развој на потребните бактерии  (Lactobacillus bifidus) во детските црева. Во медицината се вели дека доените деца имаат многу поздрава цревна флора, а откриено е и тоа дека мајчиното млеко има големо позитивно значење во лекување на стомачните инфекции кај детето. Така на пример, за време на епидемија на грип, доените деца се заштитени преку мајчиното млеко, затоа помалку се разболуваат, а доколку се разболат, побрзо оздравуваат.  

Ако мајката добие некоја штетна бактерија, нејзиното тело веднаш произведува антитело кое преку нејзиното млеко го заштитува детето. Доењето е важно и за спречување на алергија. Алергијата на кравјо млеко и млечните производи е една од најчестите фактори кои предизвикуваат респираторни и гастроентеролошки заболувања во првата година од животот на детето. Во првата недела во детските црева се апсорбираат потенцијалните алергени кои можат да предизвикаат силна алергиска реакција. Мајчиното млеко содржи одредени елементи кои ги штитат детските црева, така што потенцијалните алергени не можат да се апсорбираат во крвта. Вистина е дека и мајчиното млеко содржи потенцијални алергени, но во многу мала количина. Ако детето е алергично на кравјо млеко, а мајката го конзумира во големи количини, може да се случи тоа млеко да предизвика алергиски напад. Во таква ситуација, ќе помогне диета кај мајката, каде од исхраната целосно или барем делумно, ќе се исклучи кравјото млеко. Ако пак детето не е доено и пие адаптирано млеко, алергискиот напад може да биде навистина силен и опасен, бидејќи таквите млека содржат кравји белковини. Тогаш детето ќе мора да конзумира соино млеко, доколку не покаже алергија и на него, зашто и сојата е доста силен алерген.  

Исфрлањето на млекото и млечните производи од исхраната на мајката се покажале како успешни и кај доените деца кои ги мачеле стомачни грчеви.  

Предноста на долгото доење кај алергичните деца  
Доењето е многу важно за здравјето на детето. Доените деца се помалку болни, за разлика од децата кои не се доени. Алерголозите во литературата и праксата ја истакнуваат предноста на доењето за алергичните деца. За секое дете, а посебно за оние кои се алергични,  се препорачува продолжување на доењето се до втората година од животот на детето.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали пивото навистина ја зголемува лактаци...
Да, но тоа не е заради алкохолот кој го содржи. Всушност алкохолот во овој случај работи против Вас
4
Бебето родено со пола килограм си отиде дома
Мајката која добила породилни болки во 22 недела од бременоста, конечно може да се радува откако нејзиниот син ја доби о...
4
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Одбивање на едната дојка
Доењето на само една дојка не претставува проблем кој мора да се реши, ако мајката сака успешно да дои.
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?