Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Среќните мајки кои одлучиле да ги дојат своите бебиња често добиваат голема поддршка – од консултантите за доење во болница, од пријателите, членовите на семејството, па дури и од соседите кои се возбудени за да им помогнат на нивниот пат кон успехот. Но мајките кои избрале да го хранат своето бебе со млечна формула често се осамени на својот пат, пат полн со вина, без разлика дали е самообвинување или чувство на вина наметнато од страна на другите.
Иако никој не ја негира огромната предност на доењето и за мајката и за бебето, при што бебето ги добива сите потребни витамини и минерали, а исто така и антитела, кои го намалуваат ризикот од многу болести, млекото на доилката е економски по исплатливо – сепак, мора да се признае дека доењето едноставно не функционира кај сите мајки.
Ако сте една од оние мајки за кои доењето е болна тема и неуспешен обид, прво што треба да знаете е дека не сте сама и не сте лоша мајка и дека Вашето бебе ќе биде во можност да ги добие потребните нутритиенти и железо од млечната формула.
Вие не сте единствени и сами
Според најновите статистички податоци на Центрите за контрола на болести, околу 75% од мајките ги дојат своите бебиња откако ќе се родат, 43% од нив ги дојат своите бебиња до шест месеци, а само 22% од нив ги дојат бебињата до една година. Некои жени исклучиво дојат, а некои комбинираат доење со прихрана со адаптирано млеко. Се додека бебињата не преминат на кравјо млеко по првата година од животот, постои голем процент на бебиња кои пијат исклучиво адаптирано млеко, или во комбинација со мајчино млеко.
Вие НЕ сте лоша мајка
И покрај големиот притисок врз мајките да дојат, многу жени ги хранат своите бебиња со формула, од совршено оправдани причини. Вашето бебе може да биде родено предвреме и да има потешкотии со доењето, можеби сте морале да се одвоите од бебето на одредено време заради болест или други фактори кои се надвор од Ваша контрола, можеби доењето е премногу болно за Вас, можеби се плашите дека бебето не напредува заради малата количина на млеко која ја имате, можеби земате лек кој може да биде опасен за неговото здравје, или сте морале да одите на работа заради прашања поврзани со егзистенцијата.
Тоа е ваше тело, Ваше бебе и тоа е Ваша одлука. Не дозвојувајте никому да Ви каже поинаку. И не чувствувајте грижа на совест заради Вашата одлука бидејќи е направена со љубов и грижа. А токму тие две работи – љубовта и грижата се најважните нешта кои бебето ги очекува од Вас.
Млечната формула ќе му ги даде на бебето сите потребни нутритиенти
Иако формулата не содржи антители кои ќе се борат против болестите кои можат да го нападнат организмот на бебето, сепак таа ќе ги обезбеди сите хранливи материи кои му требаат на Вашето бебе. Една млечна формула не може да му одговара на секое бебе. Треба да разговарате со Вашиот лекар со цел да најдете млечна формула која најмногу ќе му одговара на Вашето бебе.
Вие сеуште ќе бидете во тесна врска со бебето
Блискоста, контактот кожа на кожа, чувството на блаженство кога ќе се загледате во лицето на Вашето дете, не е ексклузивност само на мајките кои дојат. Вие и Вашето бебе може да бидете позврзани и кога го храните со формула исто како и мајките кои дојат, посебно ако сте опуштени и уверени дека правите се' најдобро за бебето да добие се' што му е потребно.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?