namesp во 10:12
Како да ги сочувате децата од болести?
Редакција Рингераја, 27.3.2015
Иако можноста дека детето ќе се разболи е голема, се уште постојат начини како да се намали таа можност и Вашите деца да се спротивстават на некои болести.
Добра хигиена
Многу мајки можат да посведочат дека добрите хигенски навики се императив за зачувување на здравјето кај децата. Многу е важно да го научите детето да ги мие рацете секој пат по враќањето дома од градинка, училиште, или од детското игралиште. Некои мајки практикуваат користење на влажни марамчиња додека се со детето на места во кои престојуваат повеќе луѓе.
Еден корисен совет и исто така да го пресоблечете детето по враќањето од градинка или училиште во домашни алишта. Секако, треба да го научите детето да ги мие рацете пред секој оброк, да го брише носето со марамче за еднократна употреба кое потоа ќе го фрли и кога ќе кашла тоа да го прави во марамче или барем во ракавот од блузата, а не во своите дланки.
Свеж воздух
Обидете се да си играте на отворено со децата секогаш кога е тоа можно. Свежиот воздух му користи на здравјето, а тоа се однесува на прошетките во природа, или на редовно проветрување на домот.
Храна за јакнење на имунитетот
Хранењето на Вашето дете со храна богата со витамини и минерали, исто така може да помогне во јакнењето на имунитетот и во спречување на болести. Бирајте продукти кои имаат висок степен на антиоксиданси и во исхраната вклучете многу овошје и зеленчук, особено богато со витамин Ц, житарици збогатени со цинк, масло од лен (одличен извор на омега 3 масни киселини) и лук.
Додатоци во исхраната за јакнење на имунитетот
Некои педијатри препорачуваат мултивитамини за јакнење на детскиот имунолошки систем. Обично таквите препарати почнуваат да се даваат на почетокот на есента, а можат да се најдат во вид на таблети, сируп и прашок. Но секако, треба да бидат препорачани и правилно дозирани од педијатар. За јакнење на имунитетот исто така постојат и природни препарати, како на пример прополис, кој може да се дава по првата година од животот. Секако, најпрво треба да проверите дали детето е алергично на мед.
Пробиотици
Пробиотиците исто така може да го поттикнат јакнењето на имунолошкиот систем, а се користат за здрава микрофлора. Децата се многу подложни на промени во цревната микрофлора, па затоа можат да ја изгубат рамнотежата на цревата, што резултира со промени во столицата. Пробиотиците се наоѓаат во цревата на детето. Ако се додадат во исхраната потпомагаат во одржување на пореметеното функционирање на цревата. Најчесто се користат по терапија со антибиотици, пречки во варењето на храната и во случај на стрес.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Германската организација за заштита на потрошувачите Foodwatch спровела истражување за квалитетот на производите кои се ...

Доколку на детето помало од една година сакате да му дадете зачинета храна, претходно информирајте се дали одредени зачи...

Ова се трошоци за првата година од животот на детето, ако се храни со вештачко млеко, кое по својот состав е далеку од м...

Имунитетот на децата се разликува од имунитетот на возрасните и бара поголемо внимание
