|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

veki76: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 30.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: веки76

Датум на породување: 31.01.2001 година

Тип на породување: царски рез

Болница: ГАК

 

 

Здраво до сите корисници, симпатизери и членови на Рингераја !

Моето има е Весна и имам 34 години. Иако мојата породилна приказна датира пред 9 години, сепак таа е мојата приказна и после повеќе поминати години, истата некогаш нема да биде стара.
Се започна со пронаоѓање на обичен текст во еден дневен весник, каде д-р. Петановски вработен во тогашната ГАК Чаир во Скопје, имаше прилог за ИВФ и соработката со клиника во Прага. Иако со мојот сопруг бевме млади(јас само 25год. а тој 31год.)можноста за станување на родители ја гледавме токму на ваков начин, поради проблемите кои ги имавме. Кога го прочитав текстот, нешто како да ме жегна длабокo во стомакот..Посакав и јас да ја искористам оваа можност и јас да бидам дел од тимот кој ќе замине..Се се случи со вртоглава брзина. Стапувањето во контактот со докторот (кој до тогаш не го познававме), прегледите, пoдготовките и конечно на 09.06.2000 год заминување во Прага. Сето го паметам како некоја бајка, а јас бев дел од истата која имаше чест да ја направи бајката уште попривлечна, уште понеодолива.

По само 15 дена знаев дека сум бремена, а по еден месец од ИВФ и дека носам близначиња. Тогаш мислев дека деновите, неделите, месеците од мојата бременост беа најубавиот дел од мојот живот, но не знаев дека доаѓањето на свет на моите ангели ќе ме направи уште посреќна, поточно - најсреќна жена.
Во 8-миот месец од бременоста се случи нешто неочекувано. Мојот водењак прсна, а јас останав вчудоневидена од она што се случи. Зошто сега, зошто толку рано, зошто??? Иако по професија сум медицинско лице, сепак луѓето околу мене како да сакаа да ја пренесат својата паника и на мене, и наместо тие да ме тешат, јас бев таа која ги тешеше нив. Отидов до нашата болница, каде ме чекаше нов шок. Докторката која беше на смена, не сакаше да ме породи, бидејќи сум била специфичен случај, и без и да потстане од столчето ме испрати на своја приватна режија да заминам во Скопје. Иако веќе беше 22часот, веднаш се прибрав и го побарав др. Петановски, кој откако слушна што се случило веднаш ме повика во ГАК Чаир. За 1ч јас бев на прагот од клиниката каде ме чекаше мојот спасител, мојот д-р Петановски. Не се ни сеќавам што се се случи за тој половина час додека ме внесоа во сала. Чувствував, дека веќе сум во сигурни раце, дека повеќе не треба да сум јас најсилната, и како да се предадов целосно.
Токму на полноќ, во 00,05 мин и 00,15 мин се родија моите ангели на 31.01.2001 год. Првото на што се сеќавам после царскиот рез и моето будење е честитањето за прекрасните, живи и здрави, мои близначиња. Од преголемата возбуда која ја чувствував, после самото будење во операционата сала, јас повеќе не заспав. Ме донесоа во собата за интензивна нега, каде моите мисли беа насочени кон моите деца кои беа донесени на овој свет, а јас се уште не ги имав видено. Какви се, на кого личат??? Имав илјадници прашања, на кои одговор добив следниот ден. ГИ ВИДОВ ЗА ПРВ ПАТ.... а таа слика никогаш нема да се избрише од моето сеќавање...моите ИВФ близначиња...

 

 

 

Рингераја им посакува среќно детство на близначињата на veki76 !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Тежината на трудницата по неколку недели о...
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?
6
Носам момче или девојче?
Ви ги претставуваме шесте основни работи кои мора да ги знаете за ултразвукот
4
На кои начини може таткото да се поврзе со...
Драги идни татковци, ако се прашувате како можете да се поврзете со вашето бебе пред да се роди, проверете неколку одлич...
4
Видео: Сe што треба да знаете за царскиот рез
Породување со царски рез е хируршка процедура што се користи за раѓање на бебето преку засеци во стомакот и матката на м...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

mleko
cucamaca

Какво млеко му даватае на вашето дете после навршена 1 год.?

продолжувате со АД (18%)

кравјо (82%)

козјо (0%)


Број на сите гласови: 11

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!