|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Суровата вистина за царскиот рез

Редакција Рингераја, 6.3.2017
Замислете да ве испратат на некоја обична операција и по излегувањето од сала да ве пречекаат со мало бебе и да ви кажат дека отсега мора да се грижите и за него и покрај тоа што невидено ве боли. Ете баш тоа ви е царски рез!
Клучни зборови:

image
/11


 

Царскиот рез некако стана мега популарен, се чини дека бројот на такви породувања и понатаму рапидно расте, а многу жени најискрено кажуваат дека би сакале така да се породат. Изгледа им е полесно и поедноставно да не проживеат ниту една болка и да не испукаат, бидејќи еј ионака по породување те шијат. Зошто тогаш едноставно не се прескокне се и да се закаже царски рез. Како никој да не размислува за каква операција станува збор. Или уште полошо, кога ќе започне “војна” меѓу мајките па оние кои родиле природно ќе го вперат прстот во “цариците” и ќе загрмат: “Ти не ни знаеш како породувањето боли!”

Ох – да, не знам – верувајте ми – и вие немате појма како царскиот рез боли.

Таа мистерија неодамна се обиде да ја разоткрие мајката Raye Lee која на Facebook објави фотографии од својата лузна по царскиот рез за да им даде на знаење на многу мајки дека царскиот рез е СЕ само не поедноставен начин.

“Знаете ви воопшто што значи царскиот рез? Кога од десетина сантиметри долг рез ќе го извлечат вашето бебе а пред тоа ви ги пресекле сите слоеви на материцата и вашите органи дословно ги поместиле да не пречат. Верувајте дека тоа не е начин на кој го замислував доаѓањето на свет на син ми”, напиша оваа мајка и приказната ја зачини со искуството од опоравувањето.

“Не сте ни свести колку на вашето тело му се потребни стомачните мускули, а кога имате ваков рез треба да знаете дека со денови нема да можете да се завртите и да направите куп работи за кои несвесно го користите својот стомак. Кога само ќе се сетам на својот прв ден во болница. Другите мајки кои родија природно буквално ја шетаа цела болница, а јас лежев во креветот неподвижна. И кога сестрите ќе ви наредат дека мора да станете и да се истуширате, вас не ви се верува! Болката е неподнослива, чувствувате бодење не само на резот, туку многу, многу подлабоко. За едно обично завртување на страна за да го надоите детето ви се потребни неколку минути и децилитар пот за тој напор. ”

Еве, замислете да ве испратат на некоја обична операција и по излегувањето од сала да ве пречекаат со мало бебе и да ви кажат дека отсега мора да се грижите и за него и покрај тоа што невидено ве боли.

Ете баш тоа ви е царски рез!

 

Седум шокантни откритија за бременоста
Како што расте стомачето така бременоста станува се почудна. Што навистина се случува тие волшебни 9 месеци? Научниците ...
65
Одлична фото сесија: Мајки, сакајте го ваш...
Чувствувајте се убаво во вашето тело, бидејќи вие сте мајката на светот!
9
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Растење на плодот по недели, 1. тромесечје
Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Ime za nasata kerkicka
LeelooN

Koe ime najmnogu vi se dopagja?

Zorica (28%)

Zorana (47%)

Zoja (25%)


Број на сите гласови: 288

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!