Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Пилешката супа, позната како еврејски пеницилин, препорачувана е во борбата со настинката уште во 12. век. Во 16. век исто така, на болните лица им е препорачувана хранлива и лесно сварлива храна. Така со векови супите го задржале својот епитет – универзален лек за настинка.
Модерната медицина го признава релаксирачкото и анти-воспалително дејство на супата, а факт е дека е идеален, лесно сварлив оброк, богат со хранливи состојки.
Кен Абала, историчар на храна на Пацифичкиот Универзитет во Калифорнија, смета дека примамливоста на супата нема толку врска со науката, колку со храната за бебињата.
“Луѓето секогаш посегнуваат кон храна која ги смирува и потсетува на топло дом. Сличноста на супата со бебешката храна е една од главните причини зошто ја јадеме. И двете се хранливи и не се тешки за варење“, додаде Кен Абала.
Потсвесната психолошка врска на луѓето со храната води потекло од детството, сметаат психолозите. Сакаме да се сеќаваме а домот како на топло и удобно место. Постои врска меѓу храната и тоа чувство на сигурност и топлина, кое го дава супата.
Различните варијанти на пилешката супа, која и денес е најпопуларна, се присутни во сите книги за кулинарство низ историјата. Делото “За Римската храна”, пишувано за папата Гргур тринаесетти, во 16. век, готвачот на Језуитските свештеници од 17. век, Португалскиот готвач од 18. век, ги чуваат најстарите рецепти за пилешка супа. “Есеј за грозницата” од 1750. година препорачува лесна пилешка супа, а пилешкото месо е основна состојка на чорби и бујони од книгата “Како да готвите за болните и оние на кои им е потребно закрепнување” објавена во 1901. година.
Супата обединува психолошка, физичка и нутритивна сфера низ топлите и лесно сварливи материи содржани во еден оброк, заклучуваат научниците.
4
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...