Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Зависно од инсерцијата на френулумот на јазикот, односно на дното на усната шуплина, анкилоглосијата ја делиме на блага, умерена и јако изразена.
Зачестеност
Според податоците, зачестеноста на анкилоглосијата е меѓу 4,4% и 4,8%, со распон од 0,2%-10%. Соодносот меѓу машки и женски деца е 2,6:1. Децата со задебелен frenulum имаат потешкотии со доењето во 75% од случаите. Некои лекари сметаат дека анкилоглосијата не води до значајни проблеми, но повеќето од нив не се доволно едуцирани за проблематиката на доењето и немаат доволно искуство за да можат да проценат за влијанието на анкилоглосијата на доењето.
Дијагноза
Потребно е да се направи темелна анализа, пред да се постави дијагноза. Треба да се прегледа устата на детето и да се набљудува подојот. Исто така треба да се прегледаат дојките на мајката и посебно внимание да се посвети на големината и обликот на брадавиците, за да се забележи нивни евентуално оштетување.
При преглед на устата на детето, краткиот frenulum понекогаш тешко може да се забележи додека детето не заплаче. Кога детето ќе го издаде јазикот напред, тој ќе изгледа како срце. Страничните делови на јазикот се подвижни и прават необични движења. Детето нема да може да го исплази јазикот преку долната усна, нити преку долната вилица.
Во текот на доењето мајката чувствува болка и тогаш кога се применува потполно правилна техника на доење. Бидејќи бебето постојано го губи контактот со дојката станува нервозно и фрустрирано и одбива да цица.
Последици:
За мајката:
- Оштетени брадавици
- Болка
- Инхибиран рефлекс на отпуштање на млеко
- маститис, абсцес
- Намалено производство на млеко
- Замор
- Ран прекин на доењето
За бебето:
- Зачестени прекини во тек на доењето
- Фрустрираност на бебето
- Изгладнување
- Отежнат рефлекс на голтање
Кај постаро дете
- Отежнат говор
- Лоша орална хигиена
- Зачестено лигавење
- Намалена самодоверба
- Неможност на лижење сладолед и бакнување
- Деформитети на долните заби
Лечење
Ако кај детето постојат значајни проблеми со доењето, се препорачува френулотомија.
Тоа е едноставерн и сигурен зафат, кој обучениот лекар може да го изведе во својата ординација. До четвртиот месец не е потребен анестетик. По зафатот детето треба веднаш да се стави на дојка за да се смири. Во 70% од случаите, веднаш се забележува подобрување во доењето. Во 20% од случаите до значајно подобрување доаѓа во тек од 7 дена, а кај 10% нема подобрување. По правило, колку е детето помало, толку е ефикасноста поголема.
Dr. Irena Zakarija-Grkovic, dr.med. FRACGP, IBCLC
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Храна што е забранета во бременоста и зошто
Бременоста е период кога исхраната има големо влијание врз здравјето н...
Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за...
Што е сурогат мајка и како функционира процесот?
Сурогат мајка е жена која ја носи бременоста и го раѓа бебето за друго...
Природно, со епидурал или царски рез. Што е разликата?
Породувањето е еден од најважните моменти во животот на една жена. ...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.