|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Создаден првиот мини-црн дроб од матични клетки

Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010
Вештачки црн дроб за прв пат беше создаден од матични клетки. Револуционерното достигнување - заслуга на британските научници, кои го опишаа како „Еурека момент“, претставува клучниот чекор кон создавање на орган во целосна големина.

image
/11


Идејата е тој да се справи со се подолгата листа на пациенти, во очекување на транплантација на црн дроб. Научниците велат дека успешно е завршена првата фаза од создавањето на делови од ткиво, кои треба да го заменат оштетеното ткиво на црниот дроб.

Малиот орган, со димензии на метална паричка, ќе се користи за тестирање на нови   лекови и за намалување на потребата од експерименти на животни. За да го созададат црниот дроб, научниците на универзитетот Њукасл употребија матични клетки од папочна врвца на новороденчиња – „бланко“ клетки, способни да се развијат во различни типови на ткива. Д-р Nico Forraz и проф. Colin McGuckin работеа заедно со научниците од NASA во Хјустон, Тексас. Клетките беа ставени во „биореактор“, развиен од NASA, кој ја симулира бестежинската состојба, дозволувајќи им на клетките забрзано да се размножуваат. Со употреба на хормони и хемиски супстанци, клетките потоа се развиваат во насока на црнодробно ткиво.И додека другите истражувачки тимови се концентрираа на создавање црнодробно ткиво од ембрионални матични клетки, тимот од универзитетот Њукасл е првиот кој тоа го постигна со помош на матични клетки од папочна врвца. Оваа технологија се смета за етички поприфатлива, бидејќи при употребата на ембрионални матични клетки, ембрионот неизбежно се уништува. Проф. McGuckin изјави дека употребата на мини-црн дроб може да спречи уште една несреќа, како онаа во болницата Northwick Park, кога шест испитаници претрпеа сериозни, животозагрозувачки оштетувања, тестирајќи нов лек.

За неколку години се очекува употребата на вештачки произведени делови од органот, да ги поправат оштетувањата, предизвикани од траума, болест и злоупотреба на алкохол.

Научниците исто така предвидуваат создавање на целосен црн дроб, за кој пациентите би биле поврзани, на сличен начин како и на дијализните машини. Можеби ќе дојде време, кога папочните врвци на милиони новороденчиња секоја година, ќе бидат чувани во ткивни банки, создавајќи светски регистар на донори за црнодробна трансплантација и дијализа.

Проф.McGuckin рече дека трансплантацијата на делови од црн дроб, создадени од папочна врвца, би била возможна во наредните 10 – 15 години. „Како и да е, вели тој, целосен трансплантат на црн дроб, создаден во лабораторија е сеуште децении далеку“.  

 

Канцеларија за печат и врски, Универзитет Њукасл

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Абортус - прекинување на бременоста
Под предизвикан абортус се подразбира прекинување на бременоста пред да биде плодот способен за живот надвор од телото н...
6
Може ли бебето да почувствува кога го гала...
Ова е класична поза за бременост: трудница која го гали стомакот, со насмевка на Мона Лиза на лицето
4
Свекрва на породилно?!
Моментот на посакување добредојде на новиот член во вашата фамилија, малиот јунак или малата принцеза, е бесценет. За пр...
4
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?