namesp во 10:12
Со чоколадо против хроничната кашлица?!
Редакција Рингераја, 11.12.2012
Во истражувањето учествувале околу 300 пациенти кои страдале од хронична кашлица. Научниците во период од 14 дена му давале по 2 пати на ден темно чоколадо.
Резултатите од истражувањето покажале дека симптомите на кашлица значително се намалиле дури кај 60% од пациентите.
Темното чоколадо содржи теобромин, за кое научниците тврдат дека има чудесни лековити својства. Истакнуваат дека 30 гр. темно незасладено чоколадо содржи 450 мг. теобромин, засладено темно чоколадо 150 гр. и млечно чоколадо околу 60 мг.
Сите ние одвреме навреме страдаме од кашлица, но хроничната кашлица може значајно да го наруши квалитетот на живеење. Неколку коцки темно чоколадо дневно нема само да ги олесни симптомите на кашлица. Имено, докажано е дека чоколадото има одлични антиоксидантни својства кои го намалуваат степенот на слободни радикали и го спречуваат настанувањето на болести, вклучувајќи ги болестите на срцето и инфарктот.
Сепак, запомнете дека треба да бидете умерени во консумирањето на чоколадо за да не дојде до несакани последици, како што е наталожување на вишок килограми. Исто така, консумитајте темно незасладено чоколадо бидејќи ги има најзначајните здравствени предности.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Толку нежност! Толку убавина! Нема да останете рамнодушни...Задолжително погледајте

Мирисот на пролетта е насекаде, птиците пеат, а на небото излегла една најсјајна ѕвезда - МАЈСКАТА ЅВЕЗДА

Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...

Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
