Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Овошна кашичка со печено јаболко
Количина за едно дете, за еден оброк
- 100 мл. млеко
- 4 лажици оризови снегулки
- 120 гр. јаболко
Со врело млеко прелијте ги оризовите снегулки. Оставете ги да омекнат и да се изладат. јаболкото ставете го во помал сад, додадете малку вода и печете го додека не омекне. Кога ќе се излади, излупете го и извадете ги семките. Јаболкото изгмечете го и измешајте го во топлата кашичка.
Мешана кашичка од банана и круша
Количина за едно дете, за еден оброк
- 100 мл. млеко
- 4 лажици оризови снегулки
- 80 гр. банана
- 70 гр. круша
Со врело млеко прелијте ги оризовите снегулки. Оставете ги да омекнат и да се изладат. Бананата излупете ја и добро изгмечете ја со вилушка. Крушата излупете ја и изрендајте ја. Додадете го овошјето во млаката смеса. Дајте му ја на детето веднаш по подготовката.
Мешана кашичка од кајсија, праска и банана
Количина за едно дете, за еден оброк
- 100 мл. млеко
- 4 лажици оризови снегулки
- 30 гр. кајсија
- 40 гр. праска
- 70 гр. банана
Со врело млеко прелијте ги оризовите снегулки. Оставете ги да омекнат и да се изладат. Овошјето добро измијте го, излупете го изрендајте го и додадете го во топлата кашичка.
Добар апетит!
4
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како да препознаете дека некој навистина ве сака?
Љубовта не се препознава само по убавите зборови, романтичните пораки ...
Зошто забременувањето понекогаш трае подолго?
Многу парови очекуваат бременоста да се случи веднаш штом ќе почнат да...
Дали кашлицата е болест или симптом?
Кашлицата е еден од најчестите здравствени симптоми кај децата и возра...
Тајните на нашиот код. Што се ДНК, хромозоми и гени?
Дали некогаш сте се запрашале како бебето ги наследува бојата на очите...
Дали често се лутите и навредувате?
Лутината е природна емоција што сите ја чувствуваме. Но, кога често се...