|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Кога бебето започнува да лази?

Редакција Рингераја, 8.6.2020
Лазењето игра голема улога во развојот на бебето, бидејќи тоа е првиот чекор кон неговата независност. Погледнете зошто лазењето е важно за вашето бебе, како можете да му помогнете и какви стилови на лазење има
Клучни зборови:

image
/11


Лазењето е голема работа во развојот на бебето, затоа што тоа е првиот чекор кон неговата независност во движењето.

 

Тоа му дава на бебето чувство на моќ да направи нешто самостојно, што е многу важно за неговата самодоверба. Покрај тоа, со лазење, тоа открива нов свет, посложени движења, како што се стоење, одење и на крајот трчање.

 

Лазењето е напорна работа, затоа што бебето треба да ги користи и мозокот и телото истовремено. На тоа се потребни моторни, визуелни и когнитивни вештини.

 

Прво, мускулите на грбот, вратот, рацете и абдоменот мора да бидат доволно силни за да ја издржат тежината и да помогнат во балансот. Видот на бебето исто така игра значајна улога. Додека лази, бебето користи т.н. бинокуларна визија, со која и двете очи се фокусираат на истата цел.

 

Менталните способности, како навигација и меморија, се навистина клучни овде.

 

Кога бебето започнува да лази?

 

Бебињата обично започнуваат да лазат помеѓу 6 и 10 месеци, иако има бебиња кои ја прескокнуваат оваа фаза и веднаш застануваат на нозе.

 

Се разбира, секогаш имајте на ум дека секое бебе е различно.

 

Можете да му помогнете на вашето бебе да почне да лази со тоа што ќе му дадете колку што е можно повеќе време да поминува легнато на стомак. Во оваа позиција, тоа ќе може да ја крене главата за да погледне наоколу, што го зајакнува вратот, рамената, рацете и торзото. Легнете спроти бебето, извадете ја играчката и оставете го бебето да истражува. Играјте, затоа што многу бебиња не сакаат да бидат на стомак. Ќе знаете дека бебето е подготвено да ползи кога ќе започне да прави „склекови“, кревајќи го телото со рацете. Тоа полека ќе научи од таму да се крене на рацете и нозете. Потоа, ќе почне да се врти напред и назад и со тек на време полека ќе почне да се движи.

 

Кога ќе започнат да лазат, бебињата навистина можат да се движат на различни начини, што може да биде многу интересно. Додека тие понекогаш се движат класично, можат да се потпираат на стомакот, да одат наназад, па дури и да се тетерават на задникот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ѕвезда на бебе календар за 2022 година - ЈУНИ
Нека срцето забрзано чука, бидејќи јунската ѕвезда е тука!
4
Кувар за бебе: Кашичка од телешко месо и ц...
Со малку труд подгответе му на своето бебе (постаро од осум месеци) здрава, вкусна и весела кашичка
3
Како ги доживуваат боите бебињата?
Кога бебе првпат ќе ги отвори очите, не го гледа светот како нас. Наместо шарена реалност, пред него се појавуваат магли...
3
Поддршка од партнерот и околината. Колку е...
Да се биде мајка е една од најубавите, но и најпредизвикувачките улоги во животот. Од моментот на бременоста, па сe до г...
3




Анкета

/
AnMari

Koj caj e najubav za bebeto?

Anason (33%)

Nane (67%)

Kamilica (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!