|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да направите домашна бебешка храна?

Редакција Рингераја, 23.1.2017
Иако денес постојат многу фирми кои произведуваат бебешка храна, сепак многу мајки одбираат да ги хранат своите бебиња со домашно приготвена храна
Клучни зборови:

image
/11


 

Ако и вие се одлучите да користите домашна бебешка храна, еве неколку совети кои би ви биле од голема корист:

  1. Користете органски зеленчуци и овошја. Тие се одгледувани на природен начин без употреба на хемикалии. Затоа се најдобри за зачувување на здравјето на бебето. Некои зеленчуци како брокули, зелка, моркови, спанаќ и цвекло не треба да се консумираат од бебињата во поголеми количини од една до две лажици на едно хранење.

  2. Отстранете ги сите семки и лушпата. Пред да започнете да го варите или пасирате овошјето, осигурајте се дека ги имате отстрането сите семки и лушпата.

  3. Не ги чувајте остатоците од оброкот. Откако ќе го нахраните вашето бебе, остатоците исфрлете ги. Бебињата додека јадат оставаат плунка во храната и со тоа им помагаат на бактериите да се размножуваат.

  4. За да омекне зеленчукот или овошјето, гответе ги во вода. Пред да направите пире овошјето и зеленчукот можете да ги варите во вода. Така тие ќе станат помеки. Водата во која сте ги вареле можете да ја користите да го разредите пирето за да не биде премногу густо.

  5. Ако сте направиле поголемо количество – замрзнете го. Храната што ја приготвивте можете да ја замрзнете во форма на коцки (исто како што правите коцки мраз). Задолжително покриете ја со фолија. Кога ќе сакате да ја употребите замрзната храна, најдобро е да ја ставите во фрижидер околу 4 часа. Потоа, за да ја затоплите ставете ја во тавче на рингла. Мешајте внимателно и постојано проверувајте ја нејзината температура.

  6. Не користете микробранова печка за да ја затоплите храната. Топлењето на храната во микробранова печка може да создаде жешки џебови, кои возможно е да не ги забележите. За да избегнете таква грешка со која може да го повредите вашето бебе, секогаш тестирајте ја храната за да се уверите дека е на умерена температура.

  7. Кажете ? „не“ на тврдата храна. Не користете тврда храна за вашето бебе. Тоа најрано можете да го правите кога вашето бебе е на 4 месеци. Но, најдобро е да започнете со потврда храна кога бебето е на возраст 5-7 месеци. Дигестивниот систем на бебето пред да наврши 5 месеци не може да се справи со тврдата храна.

  8. Не додавајте сол, шеќер, маргарин, путер или зачини во бебешката храна. Дигестивниот систем на бебето пред да наврши една година не е подготвен за овие додатоци во храната. Откако бебето ќе наполни една година, можете да започнете да ги користите зачините, но сепак умерено.

Ако ги следите овие совети, можете да бидете сигурни дека го храните вашето бебе на здрав и безбеден начин.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и јаболко
Здрава и вкусна кашичка, одлична за бебиња постари од осум месеци
4
Превенција од искривување на главата кај б...
Се повеќе бебиња имаат проблем со искривување на главата, што е последица на лежење на една страна. Се проценува дека 13...
4
Моето срце надвор од моето тело
Се случуваат моменти во животот, најубавите се тоа, кога чувствувате дека сe што сте, вашето битие, вашата љубов и вашио...
3
Месо во исхраната на доенчето
Колку пати сте се запрашале дали Вашето доенче е подготвено да прифати производи од животинско потекло? Постои ли најдоб...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali nekoj ako vi zgresi ili povredi ?

Ke mu prostite (0%)

Ke mu vratite vo ista mera (50%)

Ne se zamaram (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!