Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Породувањето е неверојатно искуство, од една страна сте многу возбудени, додека од друга страна сте уплашени од она што следи.
Колку и да се трудите не можете да ги испланирате случувањата кои следуваат. Еве што им поминува низ главите на идните мајки додека се породуваат:
Дали ми пукна водењакот или се измокрив?
Во тој момент ќе останете збунети и веднаш ќе ја прегледате својата долна облека. Од претерана збунетост, нема да можете да разберете што ви се случува, па ќе почнете на google да барате знаци на прскање на водењакот.
А да го одложиме ова за следната недела?
И покрај тоа што немате планиран распоред за следните неколку денови, вашето бебе веројатно ќе сака да излезе надвор баш кога ќе ви треба туш, или кога планирате да ја измиете косата.
Колку време помина од депилацијата?
Веројатно помина долго време, бидејќи ја оставивте таа задача за последниот ден. Секако не можете да видите што депилирате. Но ако стигнете, дури и во болки ќе почнете да се депилирате. Ако не, не грижете се, за неколку часа влакната на нозете ќе бидат последната работа за која ќе се грижите.
Ова е многу поедноставно отколку што мислев
Се слушнавте со најдобрите пријателки, вашиот партнер во паника скока околу вас, а и болките не се толку чести и силни. Не е лошо!
Мојата вагина официјално стана туристичка атракција
Медицинските сестри, бабицата, вашиот гинеколог, сите се тука. И сите гледаат што се случува. Во овој момент имате чувство дека пола болница го видела вашето меѓуножје, но не ви е воопшто непријатно.

Кога ќе смислите поедноставен начин да го направиме ова?
Болката е се појака и појака и вам не ви е јасно како е можно во 21 век никој да нема смислено поедноставен начин со кој, по безболното породување сите ќе изгледаме и ќе се чувствуваме сјајно.
Уште ако некој ви каже дека одлично ви оди...
Ќе полудите, или ќе и се развикате на првата личност која ќе ви го каже тоа. Ако ви оди се така сјајно зошто тогаш се толку боли, зошто сеуште не е готово и зошто на телевизија се изгледа полесно и пократко трае?
Не можам повеќе!
Навистина. Многу ви е жал за сите неубави зборови кои сте ги изговориле. Дали тоа е причина зошто сега поминувате низ ова страдање? Ќе им се извините на сите кои сте ги навредиле, ќе ги прегрнете сите кои сте ги озборувале, ако тоа помогне побрзо да го родите бебето.
Никогаш повеќе во животот нема да имам секс
Никогаш, па дури ни тогаш! До крајот на животот. Од сега па натаму пример ќе ви бидат чесните сестри и ќе се заколнете на целибат.
Морате посилно да туркате
Тој уживаше во сексот и неговото дете ќе дојде на свет без никаква мака. Почнувајќи од бременоста, па се до ова. Во меѓувреме вие се потите и се ве боли и имате чувство дека ќе му ја скршите главата на сопругот, ако се обиде да ве фотографира.
Се се исплати
Го имате најубавото бебе на светот. Се е повторно на своето место. А породувањето? Ама никаков проблем.
16
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Колку чекори дневно се доволни за слабеење?
Идејата дека 10.000 чекори дневно е магична формула за слабеење е широ...
Водич за успешно доење во првите 30 дена
Првите 30 дена по раѓањето се клучни за воспоставување успешно доење. ...
Како преку игра да се развива говорот кај децата?
Развојот на говорот не започнува со првите зборови. ...
Лажни или вистински контракции
Кон крајот на бременоста, многу жени чувствуваат затегања во стомакот ...
Запекот е еден од најчестите, но и најмалку дискутирани проблеми во бр...
„Намаз“.
пеперутка16
Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?