|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што после позитивен тест? Водич за првите чекори

Редакција Рингераја, 24.9.2025
Моментот кога ќе видите две линии на тестот за бременост е мешавина од возбуда, среќа, неизвесност и страв.

image
Фото:Canva/Без разлика дали бременоста е очекувана или изненадувачка, природно е да се прашувате: „Што следува сега?“.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Овој водич ќе ви помогне да ги направите првите чекори со сигурност и смиреност.

 

1. Потврдете ја бременоста кај лекар

Домашниот тест е сигурен, но гинеколошки преглед или крвен тест е неопходен за потврда. Лекарот ќе направи ултразвук и ќе ја утврди гестациската возраст на бременоста.

 

2. Почнете со пренатални витамини

Фолната киселина е најважна во првите недели бидејќи го намалува ризикот од дефекти на невралната туба кај бебето. Педијатрите и гинеколозите препорачуваат да се започне веднаш по позитивниот тест.

 

3. Размислете за вашите навики

  • Сменете ја вашата исхрана. Внесувајте повеќе свежо овошје, зеленчук, интегрални житарки и протеини.
  • Доколку консумирате алкохол и цигари веднаш прекинете со нив.
  • Скоро сите сме љубители на кафе, но сега ограничете на максимум една шолја дневно.
  • Практикубајте физичка активност како: лесни прошетки, јога за трудници или пливање.

 

4. Внимавајте на симптомите

Умор, чувствителни гради, гадење и промени во расположението се вообичаени. Сепак, ако имате силни болки, крварење или вртоглавици, веднаш обратете се на лекар.

 

5. Организирајте ја поддршката која ви е потребна

Бременоста е и физичка и емоционална промена. Споделете ги вестите со партнерот и блиските кои ви се поддршка. Психичкото здравје е исто толку важно колку и физичкото.

 

6. Почнете да водите дневник на бременоста

Запишувајте симптоми, прегледи и препораки од лекарот. Ова ќе ви помогне да се чувствувате организирано и смирено низ целиот процес.

 

Позитивниот тест за бременост е почеток на едно ново патување. Со правилна грижа, информираност и поддршка, првите чекори ќе бидат полесни и ќе ви овозможат да уживате во секој момент од оваа посебна фаза.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали е безбедно да спиете на стомак во бре...
На стомак, на грб или на страна? Еве што треба да знаете за безбедни, удобни позиции на спиење за време на бременоста
5
Колку REM сон ви треба навечер и како да г...
Сонливоста, заморот и проблемите со концентрација честопати се резултат на недостаток на REM сон, фазата на сонот кога т...
4
Лош здив?
Лошиот здив (халитоза) е проблем со кој се соочуваат милиони луѓе секојдневно.
3
Метилфолат vs Фолна киселина
Фолната киселина е еден од најпрепишуваните витамини за жени кои планираат бременост или веќе очекуваат бебе. Но, сe поч...
3




Анкета

najubavo ime
malarusinka

najubavo masko ime

Тимофеj (8%)

Виталиj (3%)

Jан (15%)

Стефан (55%)

Jаков (19%)


Број на сите гласови: 272

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!