|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што е синдром на полицистични јајници (PCOS)?

Редакција Рингераја, 2.6.2025
PCOS е хормонално нарушување кај жени во репродуктивна возраст, кое предизвикува нерамнотежа на хормоните и го нарушува менструалниот циклус, функцијата на јајниците и општото здравје.Кои се симптомите?

image
Полоцистични јајници ПЦОС
/11


Симптомите може да се разликуваат, но најчести се:

  • Нередовни менструации (предолги циклуси или целосно отсуство)
  • Полицистични јајници – ултразвучно се гледаат мали, незрели фоликули („цисти“)
  • Зголемена влакнатост (на лице, брада, стомак)
  • Акни и масна кожа
  • Проблеми со плодност – потешкотии при забременување
  • Зголемување на телесна тежина или тешкотии при слабеење
  • Потемнета кожа во некои делови од телото (врат, пазуви)

Што го предизвикува PCOS?

Точната причина не е позната, но постојат неколку фактори:

  • Генетика. Синдромот на полицистични јајници (PCOS) често се јавува кај жени од иста фамилија, што укажува на можен генетски предиспониран фактор. Истражувањата покажуваат дека наследноста игра значајна улога во развојот на состојбата.
  • Инсулинска резистенција. Кај многу жени со полицистични јајници, телото не го користи правилно инсулинот – хормонот што помага глукозата да влезе во клетките. Ова води до инсулинска резистенција, што предизвикува покачени нивоа на инсулин во крвта. Високиот инсулин може да придонесе за хормонален дисбаланс и зголемено лачење на андрогени (машки хормони), што дополнително ги влошува симптомите на PCOS.
  • Хормонален дисбаланс. Жените со полицистични јајници често имаат зголемено ниво на тестостерон и други машки хормони (андрогени). Овој хормонален дисбаланс може да предизвика симптоми како појава на вишок влакна по телото (хирзутизам), акни и проблеми со менструалниот циклус.

Ако не се третира овој проблем може да доведе до:

  • Дијабетес тип 2
  • Проблеми со срцето и притисок
  • Неплодност
  • Депресија и анксиозност
  • Зголемен ризик од рак на ендометриумот (сливницата на матката)

Како се дијагностицира?

  • Разговор и медицинска историја
  • Гинеколошки преглед
  • Хормонални анализи
  • Ултразвук на јајниците

Третман и начин на живот

Нема „лек“, но симптомите можат успешно да се контролираат:

  • Здрава исхрана и контрола на телесната тежина
  • Редовна физичка активност
  • Лекови за регулирање на хормоните (анти-бебе таблети, метформин итн.)
  • Специјален план за забременување, ако е потребно.

PCOS е честа, но контролирана состојба. Раната дијагноза и поддршката од гинеколог и нутриционист можат значително да го подобрат квалитетот на животот. Не игнорирај симптоми – телото секогаш зборува, важно е да го слушнеме.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
6
Мачнини во бременоста
Мачнините се еден од најчестите и најпознатите знаци на рана бременост. За некои жени тоа е само блага непријатност наут...
4
Габички на кожа и нокти, природни начини v...
Габичките на кожа и нокти се честа појава и можат да бидат упорни. Од благите инфекции на прстите или стопалата, до посе...
4
Јакнење на имунитетот. Природна одбрана од...
Имунитетот е нашиот прв и најважен заштитник од вируси, бактерии и други инфекции. Кога имунолошкиот систем е силен, орг...
4




Анкета

Бррррр....
пеперутка16

Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......

Да. (0%)

Не. (100%)


Број на сите гласови: 34

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!