Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Жештината и изложувањето на сонце, може да и наштети на трудницата, исто како и на сите други. А сигурно ќе се согласите дека ова не е баш најдобар период за било какви ризици. Како треба да се однесуваат идните мајки, кога е оваа тема во прашање?
Дали трудниците смеат да се сончаат?
Бременоста сама по себе подразбира и поинакво однесување во различни услови, а тоа се однесува и на кожата бидејќи во овој период се изменети и нејзините својства. Затоа е неопходно да ја заштитите на правилен начин од сонцето. Колку и да копнеете за сончана кожа, имајте на ум дека сончањето во бременоста не е препорачливо. Предолгото сончање или капење може да бидат опасни заради дехидрација на организмот. Трудницата би требало да избегнува директно изложување на сонце меѓу 9 и 17 часот, а наместо тоа да избере место под сенка, бидејќи и таму може да добие убава боја. Сончањето, односно изложувањето на телото на сончеви зраци ја зголемува телесната температура, влијае на крвниот притисок и предизвикува цела низа на непожелни промени во организмот. Исто како и мајката и бебето ги трпи овие промени, заради што сончањето и престојот на отворено, во периодот кога сонцето е најјако, треба да се избегнува.
Како да се заштитите од штетното зрачење?
Трудниците кои престојуваат на отворено, или се принудени да се изложат на сонце околу пладне, треба да се заштитат од штетните ефекти на зрачењето. Препаратите за заштита од сонце спречуваат, поточно ја одложуваат појавата на изгоретини, како и сите други несакани ефекти кои не се гледаат и чувствуваат, но сепак и се случуваат на кожата. Во последните десетина години овие препарати се прават од супстанции кои имаат големи молекули бидејќи тие не можат да ја преминат природната бариера на кожата. Запирањето на штетното зрачење на површината, а не во внатрешноста на кожата се смета за најбезбеден начин на заштита.
Чадорот не е доволна заштита
Ладовината која ја прави чадорот не е доволна заштита, бидејќи штетните сончеви зраци поминуваат низ него и ја оштетуваат Вашата кожа. Сигурно Ви се случило да го поминете денот под чадор, а кожата сепак да Ви поцрвени. Дебелата сенка под дрво е најдобра варијанта за заштита, но и кремот за сончање е задолжителен.
Што да се користи за смирување на црвенилото и болките, кои се последица на изгорениците?
Голема заблуда е на изгорените места да се ставаат кремови и масла. Тие само ќе го спречат ладењето на изгорената кожа. Препаратите кои содржат екстракт од Aloe barbadensis (гелови и млека за тело) делуваат освежително на кожата која сте ја изложиле на сонце.
Со што да ја негувате кожата по сончање?
Препаратите за нега на кожа по сончањето треба да се користат секој ден по враќање од плажа. На тој начин се запираат несаканите процеси кои почнуваат од моментот кога ќе се апсорбира зрачењето. Доколку секојдневно се користат правилни заштитни препарати, или се избегнува изложувањето на сонце, кожата ќе го преброди првиот удар.
Бидејќи сте бремена, пожелно е што помалку време да престојувате на сонце.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?