Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Подуени сте, хормонални, уморни, имате вртоглавици и гадење. Не е чудно што сексот е последното нешто што ви паѓа на ум за време на бременоста. Но, доста е важно да останете поврзани со вашиот партнер, бебето ќе ја продлабочи вашата љубов и стабилност, но сексот навистина помага за вистинска поврзаност.
“Бремените жени со силни и здрави врски имаат поздраво однесување за време на бременоста, како и подобар пораѓај.” - објаснува Брет Ворли, гинеколог и експерт за женска сексуална дисфункција. Интимноста и сексот помагаат да се вратат чувствата на среќа, задоволство, близина и виталност. За некои жени бременоста значи ослободување, кога не мораат повеќе да се грижат за контрацепција. Но, да се расположите за секс е потешко од наоѓање на удобна позиција за спиење.
Не се брзајте
Ако се чувствувате анксиозно дека не можете да се расположите за секс, не се оптеретувајте. Бременоста не е време за жената да се осеќа под притисок за секс, да се осеќа лошо во врска со нејзиното дело или да се осеќа виновно ако нејзиното либидо не е силно како што некога било. Зголемување на желбата и емотивната поврзаност може многу да помогне кај било која личност во бил кое време, бременоста не е исклучок. Фокусирајте се што ви дава задоволство, дали масажа, самозадоволување, разговор...
Искористете го второто тромесечје
За време на бременоста, сексот може навистина да опадне, посебно на почетокот. Најчесто, жените не се толку љубовни за време на првото тромесечје, едноставно затоа што не се осеќаат добро. Но, кои се добрите вести? Веќе во второто тромесечје се чувствувате подобро и навистина вреди да ги искористите овие три месеци, веќе третото тромесечје носи понатамошни пречки (како на пример големо бебешко стомаче).
Оставете ги мислите на страна
Сите знаеме дека сексуалниот однос во врска е повеќе од нешто физичко. Но во бременоста, други грижи доаѓаат. Дали ќе го повредиме бебето е една од тие грижи. Не се секирајте, женското тело е дизајнирано да има комплетна заштита на бебето. Пенисот не може да го допре бебето и никако не може да го повреди.
Фокусирајте се на убавите и сексуални мисли, повеќе од грижите кои ќе ве оттргнат од вашето либидо.
Без екрани во креветот
Откако ќе ги откачите сите направи, телевизор, телефони, спалната санува ваше интимно катче каде што ќе се посветите еден на друг. Физичката интимност расте и од силната емотивна поврзаност.
Култивирајте си ги вашите сексуални мисли
Кога мислите на секс, дури и кога не е за време на односот, ќе ве постави во вистинска рамка на умот и ќе ве подготви на подобро расположение. Виталноста на врските зависи и од просторот кој си го даваат партнерите за еротика. Дозволете си позитивните мисли за сексот да преовладуваат кај вас.
Користете лубрикант
Хормоните од бременоста може да се прична за сува вагина. Лубрикантот ќе ви помогне за сексот да биде поголемо уживање и поеротски.
Најдете ја вистинската поза
Најдете си ја вашата најудобна поза во сексот - исто така бидете креативни со перниците! Најчесто трудниците изјавуваат дека лежење на левата страна е најудобната, а и таа поза не ја намалува циркулацијата на бебето.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?