Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Jenni Lake родила синче само месец дена пред својот 18 роденден, но не и било судено да стане уште една мајка тинејџерка, пишува Daily mail. Кога ја воделе во болницата за да роди, се приближила до медицинската сестра и тивко и рекла:
- Јас сум готова, направив што требаше. Моето дете ќе дојде на свет живо и здраво.
Здравото момче Chad Michael, било награда за неверојатната борба која Jenni ја водела со месеци. Но момчето е резултат и на страшната одлука во која младата мајка морала да избере меѓу својот и животот на своето дете.
Првите мигренозни болки ги добила во 16-та година, а набрзо и е дијагностициран тумор на мозокот. Единствен излез била хемотерапија, која оваа весела и жива девојка тешко ја поднесувала. По тоа следувало уште едно изненадување: Jenni забременила.
Со Nathan Wittman била во врска непосредно пред да дознае дека има тумор, а љубовта се покажала појака од болеста. Nathan останал со неа и кога му ја соопштила страшната вест, до моментот кога конечно ги затворила очите.
Нејзиното семејство се сеќава дека во разговорот со лекарите била цврста и ладна, но многу се вознемирила кога и соопштиле дека по хемотерапијата можеби никогаш нема да роди.
Кога дошол моментот да избере меѓу хемотерапијата и бременоста, Jenni не размислувала долго. За време на бременоста била физички исцрпена, но нејзината одлука не била залудна - момчето се родило потполно здраво.
Нејзините последни зборови, само неколку часа по породувањето биле "Како да го гледам", а се однесувале на нејзиниот син.
5
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто спиењето е толку важно во бременоста?
Спиењето е една од најважните потреби за време на бременоста. ...
Болки во бременоста, што е нормално, а што не?
Бременоста носи бројни промени во телото, па затоа е сосема очекувано ...
Личниот пример е најмоќната родителска лекција
Децата не учат само од тоа што им се кажува, туку многу повеќе од тоа ...
Хормонални циклуси и дебелеење
Многу жени забележуваат промени во телесната тежина во различни период...
Дијабетес, како да го препознаете и лекувате?
Дијабетесот е хронично заболување при кое организмот не може правилно ...