|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Се за породувањето – чекор по чекор

Редакција Рингераја, 22.6.2020
Проучете ги фазите кои ве чекаат од првите болки до собата за породување, како во овие фази ќе се чувствувате вие и кои работи можат да ви го олеснат нивниот тек

image
Фото: freepik.com
/11


За почеток број 1. – Породилен период

Ова е дефинитивно најлудиот период со кој ќе се соочите. Кај жените кои раѓаат за прв пат, ова трае од 7-10 саати, а кај жените кои не раѓаат прв пат, од 5-7 саати.

 

Како ќе се чувствувате?

Почетокот не секогаш се одвива по исто сценарио. Поголемиот дел од жените на почетокот чувствуваат болка во долниот дел од стомакот или ниско во грбот, која полека преминува во контракции на матката. Зачестеноста и јачината на тие болки постепено се зголемува.

Првите болки се појавуваат во интервали од 10-15 минути, а траат од 15-30 секунди и не се многу интензивни. Непосредно пред породување, траат од 60-90 секунди со интервал од 1-3 минути. Главен знак за почеток е с? посилниот интензитет на породилни болки.

 

Прочитајте уште: Како да ги ублажите контракциите?

 

Што се случува со телото?

Контракциите предизвикуваат постепено скратување на грлото на матката, кое наскоро исчезнува, се шири и дозволува спуштање на главата од бебето. Хормонот окситоцин, кој ја стимулира активноста на миометриумот (мускулниот слој на матката) помага во тоа.

Кај прворотките, цервиксот прво исчезнува, а потоа се отвора грлото на матката, а кај жените кои раѓаат по втор/трет пат , овој процес се одвива паралелно.

Водењакот се појавува пред главата на бебето. Спречува воспаление и пролапс на папочната врвца. Учествува во механизмот на исчезнување на грлото на матката и отворање на грлото на матката. Кога грлото на матката е целосно отворено, контракциите вршат поголем притисок врз водењакот, кој потоа пука. Со овој чин започнува вториот период на породување. Ако водењакот пукне пред почетокот на контракциите, неопходно е веднаш да одите во породилното одделение. Водењакот повеќе не го штити бебето од инфекции и се бара строг мониторинг на фетусот. По прегледот, лекарот ќе одлучи дали контракциите треба да се индуцираат на вештачки начин, или ќе се чекаат природни контракции. До тогаш трреба да се следи мајката со контролирање на крвната слика и спречување на развој на инфекција. Во исто време, ќе се провери проширувањето на грлото на матката, нејзината должина, тонусот и положбата во вагината.

 

Прочитајте уште: Новите мајки опишуваат како изгледа породувањето

 

Што чувствува детето?

Детето чувствува невообичаена непријатност. Тоа остро реагира на состојбата на неговата мајка и доживува слични емоции како и самата таа. Ако мајката е вознемирена, детето ќе ја добие и својата доза на хормони на стрес. Ако мајката е мирна и сигурна во себе и во медицинскиот тим, бебето ќе може полесно да го поднесе раѓањето. Иако е тешко да се контролира стравот, навремената подготовка и информацијата за фазите на породување ја намалува загриженоста на мајката и со тоа се олеснува процесот на раѓање за сите - и жената и новороденчето и акушерките кои го водат породувањето. Ритамот на срцето и трудот на детето се следат со кардиотокографија (ЦТГ).

 

Како да се однесуваме?

Успехот на породувањето во голема мерка зависи од атмосферата во која се изведува и од расположението на бремената жена. Мајката треба да се опушти, да има мир околу себе и да се чувствува пријатно. Со цел окситоцинот да ја изврши својата функција, релаксацијата на бремената жена е повеќе од пожелна.

Затоа, за време на породувањето, треба да се внимава светлината да не биде вперена во главата на жената, да не се вознемирува од бучавата од околината, тивка музика може да се вклучи ако тоа и одговара на родилката. Очекувајќи го прскањето на водењакот, секоја мајка има различни желби. Некои претпочитаат да прошетаат или да заземат необична поза (на сите четири, на голема фитнес топка, на креветот).

Добро е жената да ги слуша потребите на своето тело и да се обиде да му угоди. Нејзиниот сопруг, кој ќе биде со неа во болницата, или една од акушерките, може да и помогне со тоа.

Постигнување на концентрација со помош на дишење може многу да ја опушти жената затоа што тогаш таа не размислува за ништо друго, туку извршува монотона мисловна операција и не е оптоварена. Ова е добар начин само за оние кои не се дополнително оптоварени со такво нешто. Истото важи и за масажа со која вашиот партнер се обидува да ви помогне. Бидете прецизни во изразувањето на вашите желби во врска со интензитетот и времетраењето на масажата и местото на грбот каде сакате да ве масира. Ако не сакате да бидете допрени, само кажете така, затоа што тоа е сосема природно.

Потењето ви губи многу течност, затоа треба редовно да се земаат напитоци. Откако ќе се појават првите лесни болки во трудот, треба да земете само лесно сварлива и висококалорична храна, така што матката добива доволно енергија за својата работа. По „клистирањето“, повеќе не се препорачува јадење за да се спречи гадење и повраќање за време на породувањето.

Кога ќе бидете преместени во просторијата за породување, ќе добиете игла за инфузија во подлактицата, која ќе ви ги обезбеди потребните дози на течност за време и по породувањето, доколку е потребно. Ако сте се определиле за епидурална анестезија, инфузијата ќе ви даде солена вода за да спречите пад на крвниот притисок.

 

Што помага?

За да може мајката да се чувствува што е можно поудобно, освен блиска личност која ги разбира нејзините потреби, идеално е акушерката да ја смири идната мајка со своето искуство и начин на комуникација и да и помогне да се чувствува подобро и побезбедно. Доколку раѓате во када, жената по ваш избор може да го помине ова породување во када, да се релаксира во топла вода во која, покрај мускулната релаксација, се намалува и нивото на стрес, што е токму она што е потребно за мирно и нормално раѓање. Од олеснувачи на болка може да ги добиете оние антиспазмодици и аналгетици кои нема да ја намалат активноста на матката.

Недоволно силните трудови се интензивираат со окситоксинки агенси или простагландини.

 

Продолжува

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Доење за време на бременост
Во неразвиените земји не е чудно да се види жена која дои, иако е бремена. Но во нашиот “развиен дел од светот”, околу т...
4
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
4
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?